Sagina saginoides е вид цветно растение од семејството каранфили, Caryophyllaceae. Има циркумбореална распространетост. Може да се најде на северната хемисфера. Расте во субалпска и алпска клима и други планински живеалишта на пониски надморски височини.
Опис Ова е мала повеќегодишна билка со тенко до кончесто стебло долго само неколку сантиметри, кое расте легнато или исправено. Понекогаш има грутчеста форма. Листовите се линеарни по форма и долги околу 1 до 2 сантиметри. Соцветието е осамен цвет со пет чашкини и пет мали бели ливчиња.
Во Македонија Во Македонија расте по планински и високопланински пасишта, на надморска височина до 2000 метри. Видот е познат за Бистра, Јакупица и Пелистер.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 276
Наводи
Надворешни врски
Рачен третман на Џепсон Профил на растенија од USDA Флора на Северна Америка Фото галерија
Категорија:Флора на Северна Америка Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија