Леплив плускавец (науч. Silene viscosa) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Двегодишно а понекогаш и повеќегодишно растение високо до 60 см, целото препокриено со жлездести влакна и лепливо. Стеблата поединечни или по неколку заедно, вертикални. Листовите целокрајни, базалните листови јајцевидно ланцетни, а стеблените приседнати, на врвот заострени, по работ брановидно набрчкани. Соцветието гроздовидно, големо, долго, со привидно пршленесто распоредување на цветовите. Цветовите се крупни и хермафродитни. Чашката е цилиндрична, во средината малку подуена, Плодната кутијка околу 12 мм е долга.
Во Македонија Во Македонија расте по тревести и каменливи места. Овој вид се посочува само за околината на Скопје, Скопска Црна Гора, кај манастирот Свети Илија и клисурата на реката Треска.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)