Грчки плускавец (науч. Silene graeca) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис Едногодишно сосема голо растение, Стебленцето е вертикално, високо 20-40 см, неразгрането или разгрането. Листовите сивкасто зелени, базалните листови се ланцетно лопатовидни, за време на цветањето се сушат. Соцветието е дихотомно разгрането и обично со еден цвет помеѓу двете странични цветни гранчиња. Чашката е 12-13 мм долга, цилиндрична, кај зрелите плодови по целата должина е подуена, зеленикава или црвеникава, и со 10 паралелни жили. Венечните ливчиња се бели. Плодната кутијка е брадавичесто рапава.
Во Македонија Во Македонија расте во потоплите делови, и тоа по брдски пасишта, камењари, меѓи и покрај селски патишта. Видот е познат за Охрид, Ресен, Кавадарци, Гевгелија, Нов Дојран, а се наведува дека е виден во Кавадарци, Валандово во 1925 година, и на Галичица во 1932 година.
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа Категорија:Плускавец (растение)