Амарантус албус е едногодишно скриеносемено растение кое потекнува од Америка.

Опис Едногодишно растение. Стеблото до 50 цм високо, вертикално или полегнато, голо или со ретки влакна, од основата силно разгрането, густо обраснато со листови. Листовите со долги дршки. Ламината тенка, сивкасто-зеленикава, долгнавеста или лопатовидна, во основата клиновидна, на врвот заокруглена, тапа, со трновидно осилче долго 0,5-1 мм, по работ ситно набрчкана. На долната страна на ламината спроводните жили силно испакнати и со ретки влакна по нив. Цветовите групирани во куси цимозни соцветија во пазувите на листовите. Брактеолите двојно подолги од перијантот, шиловидни, на врвот со јак и долг трн. Машките цветови со 3 перијантни ливчиња; ливчињата на перијантот ланцетни, бледо ципесто-кожести, на врвот зашилени, со тенка слабо изразена зелена жила. Женските цветови со 3 перијантни ливчиња. Ливчињата на перијантот со различна должина, линејно- елиптични, на врвот тапи и кусо заострени, а поретко трновидно зашилени, бели, со тенка зелена жила. Плодникот со 3 жига. Плодот скоро круглест, слабо сплеснат, во горниот дел, и тоа пред сè капачето со неправилни брадавичести брчки. Плодот пука со една напречна пукнатина. Семката леќовидна, црна, мазна, сјајна, со остар раб.

Распространетост и живеалиште Потекнува од тропските предели на Америка, но е широко распространет воведен вид и на други места; Европа, Африка и Австралија.

Распространетост во Македонија Широко распространето растение, кое расте по ѓубришта, ниви, меѓи и покрај патишта. Познато за потесната и пошироката околина на градовите Скопје, Куманово, Велес, Св. Николе, Струмица, Нов Дојран, Гевгелија, Демир Хисар, потоа клисурата на р. Пчиња, Таорска Клисура и Валандово - с. Удово.

Употреба Во Камбоџа, листовите на растението се користат како храна за свињи, а понекогаш ги готват и јадат луѓето.

Наводи

Надворешни врски

Рачен третман на Џепсон базата на податоци за фотографии

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1759 година Категорија:Флора на Јужна Америка Категорија:Јадливи растенија Категорија:Флора на Македонија