Оваа статија се однесува за главната селска црква во Војница, за истоимената манастирска црква во селото видете ја оваа статија.
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Војница.
Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта. Таа е во крајно запуштена состојба и постои опасност да се урне.
Црквата претставува заштитено културно наследство на Македонија од 1953 година поради архитектурата на објектот и специфичната изработка на икони и фрески, кои се од непознат автор.
Историја
Црквата е изградена на почетокот на век.
Денешна состојба
Црквата се распаѓа, а со неа и иконите, фреските и црковните книги. Иако црквата е заштитен споменик на културата, ништо не е преземено за нејзина заштита. Жителите со страв влегуваат во црквата, бидејќи објектот е руиниран и постои можност за рушење на покривот. Изготвениот проект за нејзина санација чинел 10.000 евра, но сепак не бил реализиран поради недостиг на средства. Покривот на црквата прокиснува точно над иконостасот, а таваните се напукнати. За да се зачуваат дел од иконите и црковните книги, се чуваат на сигурно и тајно место.
Архитектура Фрескоживопис
Најстарата фреска во црквата потекнува од 1821 година, но црквата била изградена претходно, но нема пишан документ за тоа.
Галерија
Поврзано Велешко архијерејско намесништво Изворска парохија Војница
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Војница Војница Категорија:Дела на Дебарската школа