Еспен Бордсен (роден на 7 декември 1977 година, во Сан Рафаел) — норвешки поранешен фудбалер, голман.

Биографија Бордсен е роден во Сан Рафаел, Калифорнија, САД, од норвешки родители.

Клупска кариера Во 1995 година, како млад голман на американскиот нисколигаш Сан Франциско Јунајтед Ол Блекс, Бордсен бил забележан и подоцна потпишан од страна на екипата на Тотенхем Хотспар во 1996 година.Everton Goalkeepers icliverpool.icnetwork.co.uk Минувајќи ја својата прва сезона како резервен голман зад Ијан Вокер, тој го направил своето деби за клубот а воедно и во Премиер лигата на Англија на 3 мај 1997 година, во претпоследниот натпревар од сезоната против , заменувајќи го Вокер на полувремето и одржувајќи ја мрежата сува во остатокот од времето во поразот со 2-1.

Во следните две сезони, Бордсен продолжил да биде резерва на Вокер, но неговиот број на настапи константно се зголемувал. Во сезоната 1998-1999, под водството на менаџерот Кристијан Грос, тој успеал да го истисне Вокер од почетната постава и да врзе поголем број натпревари како стартер прикажувајќи неколку одлични партии како онаа против во ремито без голови. Истата сезона, тој придонел за освојувањето на трофејот во Лига купот, бранејќи во три натпревари на Тотенхем на патот до титулата, вклучително и победата над Ливерпул на Анфилд со 1-3 во осминафиналето, но останал резерва на Вокер во финалето добиено со 1-0 против Лестер Сити.

Сепак, по смената на менаџерската функција во Тотенхем и доаѓањето на Џорџ Греам на клупата, Вокер се вратил во тимот по грешката на Бордсен во натпреварот против загубен со 2-1. Преселувајќи се на клупата, Бордсен останал резерва до крајот на својот престој во Тотенхем и никогаш повеќе не добил шанса, без оглед на тоа колку грешки потоа правел Вокер. Откако во сезоната 1999-2000, тој не одиграл ниту еден натпревар и бил на клупата во повеќето од нив, побара да си замине од клубот. Своето искуство со Тотенхем го завршил со 29 настапи за клубот во четирите поминати сезони.

Во летото 2000 година, во потрага по поголема минутажа и настапи, Бордсен потпишал за Вотфорд за сума од 1,25 милиони фунти. Дебитирал на 12 август 2000, играјќи како стартер во победата со 1-2 на гостувањето против во Првата дивизија. Иако бил стартен голман на тимот во поголемиот дел од сезоната, сепак, кон крајот на истата, тој го загубил местото во тимот од ветеранот Алек Чемберлен. На почетокот на следната сезона, тој се вратил во тимот под раководството на новиот менаџер Џанлука Вијали, и одбранил пенал на Марк Робинс за да му помогне на својот тим да го победи Ротерам Јунајтед со 3-2 во натпревар од почетокот на сезоната, во вториот дел од сезоната тој повторно бил заменет од Чемберлен.

Во 2002 година, Бордсен потпишал за Евертон, каде имал краток престој. Во својот единствен натпревар за клубот, тој примил 4 гола во поразот со 4-3 од неговиот поранешен клуб Тотенхем.

Тврдејќи дека го изгубил интересот за играта, Бордсен се пензионирал од фудбалот во 2003 година, на само 25 години.

Репрезентативна кариера Бордсен настапувал за младинските норвешки репрезентации под 18 и под 21 година. За втората, тој одиграл 25 натпревари и настапил на Европското првенство за играчи под 21 година 1998 во Романија, каде што норвежаните го освоиле бронзениот медал, а тој ја добил наградата за „Најдобар голман на турнирот“.

За сениорската репрезентација на Норвешка дебитирал во септември 1998 година, во квалификациски натпревар за Европското првенство 2000 против . Уште пред тој натпревар, тој веќе бил дел од составот на Норвешка на Светското првенство 1998, како трет голман зад Фроде Гродос и Томас Мире, иако никогаш не живеел во Норвешка. Тој забележал вкупно 4 настапи за Норвешка, а последниот му бил во пријателскиот натпревар против Исланд во јануари 2000 година.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Клупски Тотенхем Лига куп на Англија : 1 1998-1999

Наводи

Надворешни врски

Еспен Бордсен на soccerway Еспен Бордсен на transfermarkt Еспен Бордсен на espn Еспен Бордсен на fbref

Категорија:Живи луѓе Категорија:Норвешки фудбалери Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Фудбалери на ФК Вотфорд Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери од Премиер Лига