Две недели во септември (француски наслов: À coeur joie; познат и како „Радосно срце “) — британско-француска драма од 1967 година, режирана од Серж Бургињон, со Брижит Бардо, Лоран Терзиев, Жан Рошфор и Џејмс Робертсон како глумци.
Заплет Манекенката Сесил поминува две недели одвоена од својот постар љубовник Филип и е во искушение од помлад маж.
Улоги
Брижит Бардо како Сесил Лоран Терзиеф како Винсент Жан Рошфор како Филип Џејмс Робертсон Џастис како МекКлинток Мајкл Сарн како Дикинсон Џорџина Ворд како Патриша Карол Лебел како Моник Ани Николас како Шантал Мареј Хед како асистент на Дикинсон
Продукција Филмот бил шестиот во серијата филмови финансирани заеднички од Ренк Организајшн и NFFC. Британските компании обезбедиле 30% од буџетот; француските компании обезбедиле 70%. Снимањето било во студијата Бијанкур во Париз и на локации околу Лондон. Сцените за филмот биле снимени и на плажата Тинингхејм во Источен Лотијан во септември 1966 година. Главната екипа престојувала во „Опен Армс“ во Дирлтон.
Саундтрак Саундтракот содржи две песни на англиски јазик, „Do You Want To Marry Me?“ и „I Must Tell You Why“, со музика од Мишел Мањ и вокали испеани од Дејвид Гилмур, кој работел како сесиски музичар со својот бенд Џокерс вајлд, пред да се приклучи на Пинк флојд.
Рецензии
„Месечниот филмски билтен“ напишал: „Исклучително смешен спој од сите можни клишеа од женските списанија, визуелно впечатливо снимен и режиран од Серж Бургињон со темпо на полжав и во стил кој совршено се вклопува со бесмисленоста на приказната. Дијалогот (претворен во Франгла) создава дел од најдобрите ненамерно комични реплики во последно време, а можеби најсмешно е објаснувањето на шкотскиот лорд Џејмс Робертсон, облечен во килт, кој во својот разрушен замок им објаснува на младите љубовници дека неговиот касетофон може да се активира само со одредена фреквенција што ја испуштаат птиците - „И изгледа, госпоѓо, дека сте го направиле токму истиот звук.“ „Тука е и модниот фотограф кој им вели на своите модели да „ме мразат малку“, фотографирањето помеѓу розовите лежалки во еден лондонски парк и целата серија крупни кадри од Бардо во различни моменти на соблекување, вклучувајќи ја и сцената во која таа се наоѓа во када полна со меурчиња и вели дека „среќата е само капки вода“. Сето ова речиси може да се сфати како пародија. Но, филм кој ја најавува страсната љубовна сцена на кревет од слама во разрушен замок со пресек кон брановите што удираат на плажата, очигледно е крајно сериозен во својата намера.“
"Два часа потрошени " напишале Лос анџелес тајмс. Филминк ја пофалиле "Бардовата ѕвездена моќ", но додале „тоа не е еден од нејзините подобри филмови“.
Филмот добил многу лоши критики во целина.
Билетарница Филмот бил разочарување на кино благајните поради лошата продажба на премиерата.
Наводи
Надворешни врски
Две недели во септември на Тарнер Класик Мувис база на податоци Две недели во септември фотографии на местоположбите од филмот (некогаш и сега) на ReelStreets Категорија:Филмови снимени во Лондон Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лондон Категорија:Филмови снимени во Шкотска Категорија:Филмови од 1967 година Категорија:Филмови со Брижит Бардо