Polycnemum majus — едногодишно растение кое припаѓа на семејството Amaranthaceae.
Опис Ова е едногодишно растение, високо 10-20 см, од основата разгрането, голо, гранчињата се прилегнати или поткренати, често долги и јаки. Листовите а посебно долните се долги 10-20 мм, игличести, шиловидни, триаголни, кон врвот цилиндрични. Цветовите се поединечни во пазувите на листовите, односно брактеите.
Во Македонија Во Македонија расте во Таорска Клисура, Македонски Брод, Галичица, а во минатото растело и во Долно Водно (1892 година), Охрид (1899 година) и на други места.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Штирови Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа