Основно училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Христијан Тодоровски-Карпош“ - Пелинце; скратено: ПООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“) — подрачно основно училиште во селото Пелинце, претставува единка на училиштето истоименото училиште од селото Драгоманце.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски партизан од НОБ и народен херој Христијан Тодоровски-Карпош.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Пелинце во маалото Старо Село непосредно до црквата „Св. Ѓорѓи“.

Историја

Училиштето било изградено во 1934 година.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Старо Нагоричане Пелинце Категорија:Пелинце