Даниел Исак Акселрод (– година) — американски палеоеколог специјализиран за терцијарните кордилерски флори, поточно за поврзување на фосилните докази за специфични флори со индикаторите за климатските промени.
Биографија Тој дипломирар ботаника, а завршил и магистерски и докторски студии по палеоботаника на Универзитетот во Калифорнија во Беркли. Служел во Армијата на САД за време на Втората светска војна, вршејќи стратешка анализа на воздушни фотографии на теренот. По војната бил вработен како доцент по геологија на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес. На крајот станал редовен професор по геологија и ботаника на UCLA пред да се пресели на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис како професор по палеоекологија кон крајот на својата кариера. Тој станал заслужен професор на Дејвис во 1976 год. Бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 1981 год.
Неговите збирки на фосилни флори (типски примероци) се чуваат во Музејот за палеонтологија при Универзитетот во Калифорнија.
Награди
Геолошка награда „Хејден Меморијал“, 1979 год Медал на Палеонтолошкото друштво, 1990 год.
Поврзано
Хари Пол Бејли
Надворешни врски
Каталози на колекциите на палеоботани на UCMP Наводи
Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Починати во 1998 година Категорија:Родени во 1910 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки