Сагаин е округ во Мјанмар кој е сместен во северозападниот дел на земјата и се наоѓа момеѓу латитудата 21° 30' север и лонгитудата 94° 97' исток . Се граничи со индиските држави Нагаланд и Манипур на север, и со Качин, Шан, и Мандалај на исток, Магве на југ и со реката Иравади во поголем дел ја формира источната и југоисточната граница со соседната Чин.
Географија и административна поделба Сагаин има повржина од 93.527 км2, и население (1996) од 5.300.000. Главен град е истоимениот Сагаин.
Сагаин е поделена на 198 квартови и градови, 38 градски општини,8 дистрикта како; Сагаин, Швебо, Монива, Ката, Кале, Таму, Мавлаик и Хкамти.
Демографија Бамарите (Бубманците) се мнозинсво во сувите региони и предели на провинцијата. Шаните се населени во долините на горниот дел на реката Чиндвин. Има и позабележителен дел он народот Нага, кои се населени во северните и северозападните планински предели и Чини кои се населени во југот на земјата. Има и две помали етнички групи како Каду и Гананг, кои живеат во долините на реките Му и Меза.
Стопанство
Земјоделието зазема најголем процент во Сагаинската економија. Приматот го има оризот, па следи пченицата и сусамот. Исто така се одгледува и кикиритки, памук и тутун.
Постојат и доста рудници од кои се екплоатита злато, јаглен, сол а има и помали наоѓалишта и на Нафта. Од индустриските гранки најзастапени се текстилната и петрохемијата.
Историја
Сагаин во 1315 година бил главен град на кралството на Шаните, после падот на Баган кога бил создаден политички вакуум во централна Бурма. thumb|лево|300px|Главниот град Сагаин Наводи
Категорија:Сојузни држави во Мјанмар