Карл Рајнхолд Салберг (р. , Еура — п. ) — фински природонаучник, кој главно бил ентомолог и се занимавал со проучување на бубачки. Тој бил татко на ентомологот Рајнхолд Фердинанд Салберг (1811–1874), дедо на ентомологот Јохан Рајнхолд Салберг (1845–1920) и прадедо на Унио Саалас (1882–1969), сите од наведените исто така биле ентомолози.

Биографија Во 1818 година, Карл Рајнхолд Салберг го наследил Карл Никлас Хелениус како професор по економија и природна историја на тогаш единствениот универзитет во Финска во Турку (Або) наречено Академија Або. Во 1827 година градот и универзитетот биле уништени од пожар. Остатоците од колекциите по природна историја биле однесени во Хелсинки, каде што универзитетот потоа се именувал во Империјалниот универзитет Александар во Финска (и на крајот станал Хелсиншки универзитет во 1918 година). Салберг ги заменил изгубените колекции и одиграл голема улога во основањето на нова ботаничка колекција во Хелсинки и заедно со своите ученици го основал научното друштво Societas pro Fauna et Flora Fennica. Неговата единствена област на дејствување била природната историја. Друштвото се проширило и на другите гранки на биологијата дури во 1921 година.

Колекции Колекцијата инсекти на Салберг се наоѓа во Финскиот природонаучен музеј.

Наводи

Надворешни врски

Биографија на шведски јазик

Категорија:Починати во 1860 година Категорија:Родени во 1779 година Категорија:Шведски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки