Вилијам Даглас Франсис (6 март 1889 – 2 јануари 1959) ― австралиски ботаничар.
Роден во Бега, Нов Јужен Велс, на 17 години се преселил со својот татко Алфред и брат му Фредерик од Волонгонг, каде што учел во Високото јавно училиште Волонгонг, во Кин Кин во Квинсленд. Тука тој можел да го задоволи својот силен интерес за природна историја, додека им помагал на татко му и брат му на фармата. Во 1908 година се квалификувал како дегустатор на млеко и павлака во Квинсленд.
Во 1919 година бил назначен за помошник ботаничар на владата во хербариумот во Квинсленд. До 1950 година бил назначен за владин ботаничар. Се пензионирал во 1954 година, а починал пет години подоцна. Тој дал огромен придонес во класификацијата и идентификацијата на австралиските видови дождовни шуми и веројатно е најзапаметен по неговата книга „Австралиски дрвја од дождовните шуми“. Книгата била првпат објавена во 1929 година, и оттогаш е препечатена бројни пати. Арборетум основан во Кин Кин во 1990-ти години е посветен на негова чест.
Наводи
Надворешни врски Спирални системи во организацијата на живиот материјал
Категорија:Починати во 1959 година Категорија:Родени во 1889 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Австралиски ботаничари