Чарлс Лусиен де Берман (р. — п. 1923) — француски дерматолог и миколог.
Биографија Студирал медицина во Париз, каде што во 1884 година станал медицински лекар. Во 1889 година бил назначен за шеф на служба во болницата Лурсин, а потоа работел во болницата Сен-Луј, каде што останал до 1916 година. Тој ги проучувал егзотичните болести при своите патувања низ Азија.
Берман е познат по својот придонес во проучувањето на споротрихозата, заболување кое во тоа време било доста распространето во Европа. Габата која ја предизвикува споротрихозата претходно била откриена од американскиот лекар Бенџамин Робинсон Шенк (1873–1920) и во негова чест бил именуван видот Sporothrix schenckii. Берман направил обемно истражување кое ги вклучувало кожните аспекти на болеста, и заедно со Анри Гужеро (1881–1955) ја објавил монографијата „ Les Sporotrichoses“, трактат базиран на 250 случаи на споротрихози во Франција. Во 1903 година, дерматологот Рејмон Сабуро (1864–1938) му предложил на Берман употреба на калиум јодид како лек. Поради темелното истражување на споротрихозата од страна на Берман, Sporothrix schenckii понекогаш се нарекувал Sporotrichum beurmanni во некова чест.
Наводи
Категорија:Починати во 1923 година Категорија:Родени во 1851 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Француски миколози Категорија:Француски ботаничари