Жан-Жак Дузал де Гранвил (5 август 1943–13 декември 2022) ― француски и францускогвајaнски ботаничар, музејски кустос и истражувач. Гранвил се специјализирал во проучувањето на палмите и другата флора на Француска Гвајана, вклучувајќи четири нови видови палми кои тој прв ги опишал и ги вовел во науката. Тој е автор на 271 научни книги, статии, списанија и други публикации, вклучувајќи го и значајното дело Водич низ палмите на Гвајана (Guide des Palmiers de Guyane), кое било објавено во 2014 година. Гранвил, исто така, се залагал за создавање на Амазонскиот парк Гвајана, кој бил основан во 2007 година, по децении застапување.
Гранвил починал во Кајен, Француска Гвајана, на 13 декември 2022 година, на 79-годишна возраст. Тој бил погребан на гробиштата Кабасу во Кајен на 19 декември 2022 година.
Наводи
Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Француски ботаничари Категорија:Починати во 2022 година Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Статии со hCards