Андреј Сергеевич Ерст () е руски ботаничар, кој е постар истражувач во Централно сибирската ботаничка градина во Новосибирск. Андреј Ерст студирал на Државниот универзитет Алтај од 2000 до 2005 година, пo што продолжи со постдипломски студии на Централната сибирска ботаничка градина, каде што во 2009 година ја одбранил својата теза на тема родот Ranunculus во Алтајските планини. Од 2009 година тој продолжи да работи во Ботаничката градина, и станал јуниор истражувач во 2009 година, истражувач во 2011 година и виш истражувач во 2014 година.
Ерст е специјализиран за систематика, флористика (наука за дистрибуција на растенијата), молекуларна биологија и кариологија (наука за клеточните јадра, особено хромозомите). Тој е член на Новосибирската филијала на Руското ботаничко друштво.
Наследство Меѓународниот индекс на имиња на растенија го наведува Ерст како авторитет за 26 таксони, првенствено во Ranunculaceae, особено видовите Aquilegia кои потекнуваат од Сибир, рускиот Далечен Исток и Кина.
Наводи
Категорија:Руски ботаничари Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки