Џон Алан (Џек) Еликс (роден 1941 година) — емеритус професор по хемија на Австралискиот национален универзитет, кој е органски хемичар кој придонел во многу области: лихеналогија, хемотаксономија на лишaи, физиологија на растенија и биодиверзитет и хемија на природни производи. Тој е автор на 2282 називи на видови, и на 67 називи на родови во областа на микологијата. Еликс ја уредувал серијата Суви австралиски лишаи.

Образование Тој дипломирал и докторирал во областа на органска хемија од Аделаидскиот универзитет. Потоа следувале постдокторски години на Кембричкиот универзитет, а потоа и докторат по хемија на природни соединенија на Австралискиот национален универзитет.

Кариера Еликс поминал една постдокторска година во 1966 година на Кембриџ, па се вратил во Австралија во 1967 година за да предава хемија на Австралискиот национален универзитет. Се пензионирал како професор по хемија во 2002 година и притоа станал емеритус професор.

До 1975 година тој веќе објавил неколку трудови за органската хемија на лишаите, што ќе го насочи кон работа во областа на еволуцијата, таксономијата и филогенијата на лишаите. За својата работа на лишаите, Еликс бил награден со Ахариусовиот медал во 2004 година и со Ненси Т. Бурбиџовиот медал во 2015 година. Тој е плоден автор (или коавтор) на нови видови габи и лишаи, од кои формално опишал околу 1147 до декември 2017 година.

Тој бил почестен во 1997 година, кога лихенологот Хелге Торстен Лумбш ја објавил Elixiaceae, кои се семејство на габи од редот Umbilicariales. Содржи два рода, Meridianelia и типскиот род, Еlixia, кој е именуван по Џон Алан Еликс.

Тој бил повторно почестен во 2004 година, со Melanelixia, што е род на лишаи од фамилијата Parmeliaceae, и во 2016 година со Astrothelium elixii, редок боливиски лишај.

Поврзано

:Категорија:Таксони опишани од Џон Алан Еликс

Избрани публикации

Литература

Наводи

Категорија:Родени во 1941 година Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Статии со hCards Категорија:Австралиски ботаничари