Абрa (, ) — покраина во Филипините во регионот Кордиљера, Лусон. Главен град е Бангед и се граничи со Северен Илокос и Апајао на север, Јужен Илокос и Планинската Покраина на југ, Северен и Јужен Илокос на запад и Калинга, и Апајао на исток.

Демографија Мнозинското население во Абра се Илокани и Тингијани. Во 2005, населението броело 211.095 жители.

Најдоминантни јазици се илоикански и итнешки. Според пописот во 1995 илоканскиот бил говорен од 73,65% од населението. 25,18% зборувале итнешки, 0,16% тагалски и 0,54% зборувале други јазици или наречја.

Стопанство Најзастапена е дрвната индустрија, односно производство и сеча на бамбус и ратан (59%).

Се одгледуваат и други растителни култури како оризот, пченката, но и кафето, тутунот и кикириките.

Административна поделба

Абра е поделена на 27 општини.

Наводи

Надворешни врски Покраинска управа на Абра Портал за Абра WOW Филипини - Абра Географски податоци Abrenian.com — семрежна заедница на жителите на Абра

Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Кордиљера (регион)