Soldanella — род кој припаѓа на семејството јаглики (Primulaceae) и опфаќа околу 15 видови цветни растенија. Овие видови се автохтони на европските планини, вклучувајќи ги Пиринеите, Апенините, Алпите, Карпатите и Балканот. Виреат во шуми, влажни ливади и карпести терени на надморска височина од 500 до 3000 метри. Често се среќаваат во вдлабнатини каде што снегот се задржува сѐ до доцна пролет и рано лето. Името Soldanella потекнува од италијанскиот јазик и значи „мали парички“.

Опис и распространетост Soldanella се повеќегодишни тревести растенија со подземен ризом и столони. Листовите се групирани во основата, со издолжени дршки; плочката е кожеста, речиси округла, со срцевидна база и густо покриена со портокалови жлезди на долната страна. Цветовите се јавуваат сами или по два-три во мало штитесто соцветие. Чашката се состои од пет делови. Венчето е цилиндрично или во форма на ѕвоно, белузлаво или виолетово, и најчесто е засечено до половина на тесни или пошироки линејни сегменти. Има пет прашници со куси филаменти; антерите се издолжено-срцевидни, а меѓу нив се наоѓаат пет грлени лушпи. Плодот претставува цилиндрична кутијка што се распукува со пет до десет заби. Семките се ситни и многубројни.

Поради големата морфолошка сличност меѓу видовите, точно одредување врз основа на фотографии е речиси невозможно. Незначителните разлики се видливи само со употреба на лупа.

Според сличниот надворешниот изглед, овие видови можат да се класифицираат во неколку групи.

Големи растенија 1. Soldanella villosa, вирее на ниски предели во Баскија, се одликува со големи листови со тенка (хартиеста) структура и жлездени влакненца од околу 1 мм на лисната дршка.

Растенија со средна големина 2. Soldanella alpina, вклучувајќи ги S. occidentalis и S. pyrolaefolia, се среќава во Алпите и на планините во Јужна Европа; поседува седечки жлезди на лисните дршки, цветните стебла и цветната дршка.

3. Soldanella carpatica - вид распространет низ Западните Карпати во Словачка и Полска, се препознава по седечките жлезди на лисните дршки и кусите жлездени влакненца на цветната дршка.

4. Soldanella marmarossiensis, вклучувајќи го и S. rugosa - се јавува во Североисточните Карпати во Украина и Романија, има кратки жлездести влакна на петеолите и стебленцата и тесно кратероформна корола.

5. S. angusta, S. calabrella, S. chrysosticta вклучувајќи S. cyanaster, S. hungarica, S. major, S. montana, S. oreodoxa, S. pindicola вклучувајќи S. dimoniei и S. macedonica, S. pseudomontana, S. rhodopaea, S. tatricola, се одликуваат со широко кратериформно венче. Меѓувидовата диференцијација се заснова на должината и морфологијата на клетките од кусите жлездести влакна на лисните дршки и педикелите.

Во Македонија среќаваат два вида од оваа група:

Soldanella macedonica - Листовите се зелени од долната страна, прашниците имаат должина од 2,5 мм, но се без продолжеток на врвот. Soldanella pindicola - Листовите се бели од долната страна, прашниците имаат должина од 2,7 мм, без продолжеток на врвот.

Мали растенија 6. S. alpicola што се јавува во Алпите, S. pusilla што се јавува во Јужните Карпати и S. pirinica што се јавува во Бугарија се карактеризираат со терминално поставени брактеи и седечки жлезди. За разлика од нив, честиот хибриден таксон S. alpina × S. alpicola поседува латерално (странично) поставен прицветник.

7. S. austriaca и S. minima распространети во Алпите и Апенините, се карактеризираат со куси жлездести влакна и странично поставен прицветник.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Планински растенија Категорија:Јаглики Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа