Митра Крстева ( во — во ) — учесник во НОД, активистка и хуманистка.

Животопис Учествувала во заднината на НОД во Неготино. Во својот дом давала засолниште на илегалци и на сите прогоници. За да и служи на народноослободителната војна што покорисно, се преселила да живее во манастирот „Св. Ѓорѓи“ кој се наоѓал на крајот од градот. Била неустрашива пред теророт на окупаторот. Кога Германците довеле група заробени борци од Деветтата македонска бригада во манастирот, таа ноќта им ја отворила вратата и со зборовите: „Бегајте птици, право во гората да ја ослободите Македонија“ им овозможила да побегнат 12-те заробени борци. За одмазда, германскиот окупатор ја стрелал на 8 септември 1944 година.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ