Ристо Лазаров, роден на година во Штип, НР Македонија. Дипломирал југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пишува поезија, театарска и литературна критика.* Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 135. Живее и работи како новинар во Скопје.

Творештво Ги објавил следниве одделни книги поезија: „Ноќна птица во паркот“ (1972), „Јана“ (1980), „Гроџен кикот“ (1983), „Капки кисела вистина“ (1985), „Лето преку океанот“ (1988), „Горјан во Дорјан“ (1988), „Точка на вриење“ (1990), „Од Битола појдов“(1993), „Одвајнадежна“ (1993), „Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија“ (1995), „Херакле“ (1998), „Колумбо“ (2000), „Тројца за преферанс“ (2001), „Одмолчена“ (2003), „Ненадејна“ (2005), „Чехопек“ (2006), „Среде“ (2008), „Сонот на коалата“ (2009), „Кревалка“ (2011), „Ситночекорка“ (2012), „Светилничар“ (2013).

Објавил и три избора од поезијата на македонски јазик: „Одрони“ (1988), „Јаве“ (1998) и „Жива рана“ (2008). Неговите книги се преведени на албански, англиски, бугарски, руски, словенечки, српски и чешки јазик.

Награди и признанија Ристо Лазаров е добитник е на следните награди во областа на литературното творештво: „Млад борец“ (1972): за стихозбирката „Ноќна птица во паркот“ „8 Ноември“ (1972): доделена од градот Штип за стихозбирката „Ноќна птица во паркот“ „13 Ноември“ (1980): доделена од градот Скопје за стихозбирката „Јана“ Прва награда за песна на „Празникот на липите“ (2000) „Ацо Шопов“ : доделена во 2007 година од Друштвото на писателите на Македонија за стихозбирката „Чехопек“, објавена во 2006 год.http://utrinski.mk/?ItemID=B441844C708C07448BB58D43D72EB051 „Книжевен жезол“ (2010) „Велја кутија“ (2010): на манифестацијата „Македонски духовни конаци“ „Дијалог“ (2012) „Браќа Миладиновци“: доделена од Струшките вечери на поезијата за стихозбирката „Среде“ како најдобра книга поезија од македонски автор Награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста (2018)Доделување на наградата 11 Октомври на семрежното место на Собранието на Република Македонија

Во областа на новинарството ги добил врвните државни награди „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ (1975) и „Крсте Мисирков“ (1982).

Професионален ангажман Ристо Лазаров е застапуван во повеќе антологии на македонската и југословенската поезија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Од 2006 година е претседател на Македонскиот ПЕН центар. Бил генерален директор на југословенската новинска агенција „Танјуг“. Бил директор и главен уредник на Телевизија Телма.

Надворешни врски Мрежно место на Ристо Лазаров

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски новинари Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на наградата „Книжевен жезол“ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“