мини|Миникарта (долен десен агол) како што се гледа во играта Warzone 2100 Миникарта () — во видеоигрите претставува намален приказ на целата карта. Најчесто се поставува во еден од аглите на екранот. Таа е наменета да им помага на играчите во движењето низ играчкиот свет. Обично е со мал размер, поради што често има можност за избор на содржината што се прикажува на неа. Во различни игри на миникартата се прикажуваат различни објекти. Меѓутоа, на неа вообичаено се прикажуваат положбата на играчкиот лик, сојузниците, непријателите, целите и околниот предел.
Миникартата особено често е присутна во стратегиите во реално време и игрите од жанрот MMORPG, бидејќи во нив таа се користи за прикажување на тековната положба во однос на целиот играчки свет. Во многу пукачки игри од прво лице во еден или друг облик исто така е присутна миникарта, на која често се прикажува положбата на непријателите во реално време.
Автоматска карта thumb|250px|Автоматска карта во играта Meritous|лево Автоматската карта (исто така автокарта, ) е слична на миникартата, а нејзиното потекло може да се проследи сѐ до раните игри со улоги. Во раните компјутерски игри засновани врз истражување на зандани, играчите морале сами да си цртаат карта додека напредуваат во играта, со што можеле да минуваат низ сложени лавиринти и да истражуваат големи зандани. Во комплетите на раните игри како Wizardry од 1980 г. за оваа цел се вложувале листови милиметарска хартија.
Игрите што ја користат функцијата на автоматска карта го подражаваат процесот на создавање карта. За таа цел, на картата се прикажува апстрактен поглед одозгора на околните области, кој се ажурира како што играчкиот лик стекнува нови сознанија. На автоматските карти обично се прикажуваат вратите, видовите површини, како и важните области и предмети. Опишувајќи ја улогата на играта The Bard’s Tale III: Thief of Fate во индустријата за компјутерски игри, која станала првата компјутерска игра со улоги со автоматска карта, списанието Computer Gaming World во 1994 г. се прашувало: „Како досега игравме без ова?“H. o. F. Highlights (англ.) // Computer Gaming World : журнал. — 1994. — July. — P. 161. — ISSN 0744-6667.
Раните автоматски карти во компјутерските игри со улоги се прикажувале на екранот за време на пауза, така што за преглед на картата било потребно да се паузира играта. Како примери за игри со автоматска карта што работи во реално време може да се наведат Rally-X од Namco од 1980 г., Horizon V од Gebelli Software од 1982 г. и WiBArm од Arsys Software од 1986 г. Како што стекнувала популарност, оваа функција била воведена во некои акциони игри како Doom или Diablo. Автоматската карта во овие игри не го прекинува играчкиот процес, а играчот може да ја набљудува картата на екранот додека ја продолжува играта.
Во жанрот на повеќеиграчките светови, игрите што биле популарни во 1990-тите ретко нуделе автоматска карта. Поради тоа, во некои MUD-клиенти започнала да се додава таква функција, од кои најзначаен е zMUD, каде што оваа функција била вклучена во септември 1996 г.
Наводи
Категорија:Терминологија за видеоигри