Гондор (синдарин: Gondor = „камена земја“) — јужно кралство на Нуменорците во Средната Земја во легендариумот на Џ. Р. Р. Толкин.
Основано од Елендил по пропаста на Нуменор во 3320 г. од втората епоха на брегот на заливот Белфалас, западно од Мордор, со главен град во Осгилијат; подоцна престолнината била преместена во Минас Тирит во втората половина од третата епоха.
Име и етимологија Името Гондор, кое го користел Толкин, е збор од синдаринот, измислениот виленички јазик што го користеле Дунаданите во книгите за означување на разни поими и географска номенклатура. Самиот збор значи „камена земја“Tolkien, J. R. R. (1987), Christopher Tolkien, ed., The Lost Road and Other Writings, Boston: Houghton Mifflin, entries GOND-, NDOR-; и во текстот на Господарот на прстените се совпаѓа со рохиримското име за Гондор — „Камениот Крај“. Употребата на овие имиња не е директно објаснета од авторот во книгата, иако во раните верзии се наведува дека тоа е поврзано со високото ниво на градежништво и каменоделство кај Гондорците во споредба со нивните поназадни соседи.Tolkien, J. R. R. (1988), Christopher Tolkien, ed., The Return of the Shadow, Boston: Houghton Mifflin, „New Uncertainties and New Projections“, pp. 379—381; Во прилог на оваа верзија говорат и називите што Друаданите ги користеле за Гондорците и Минас Тирит: Народ на Камените Куќи и Камениот Град.
Еден ден, некој читач го прашал Толкин дали потекнувањето на името Гондор е поврзано со староетиопската тврдина Гондар. Авторот одговорил дека не го слушнал тој збор порано, но дека коренот онд упатува на истражување што го читал во детството и значи „камен“; ond е еден од само двата збора што се познати од пракелтските јазици во Британија.Carpenter, Humphrey, ed. (1981), The Letters of J. R. R. Tolkien, Boston: Houghton Mifflin, no. 324;
Во романот, Гондор често се споменува како Јужно Кралство или Јужен Крај, кој заедно со Арнор претставувал владение на Нуменорците во Игнанство (или Прогонство). Истражувачите Вејн Хамонд и Кристина Скал исто така понудиле квенски облик на името Гондор — Ондоноре.Hammond, Wayne; Scull, Christina (2005), The Lord of the Rings: A Reader's Companion, London: HarperCollins, „The Great River“, p. 347;
Во кинематографијата и уметноста Гондор, прикажан во филмовите на Питер Џексон, исто така од определени причини споделува сличности со Византиското Царство.Puig, Claudia (24 February 2004). „With third film, 'Rings' saga becomes a classic“. USA Today. Retrieved 29 December 2011. „In the third installment, for example, Minas Tirith, a seven-tiered city of kings, looks European, Byzantine and fantastical at the same time.“; Во коментарите на ДВД-изданието од филмот, филмската екипа ја објаснила својата одлука да вклучи некои елементи на византиски куполи во архитектурата на Минас Тирит и да ги облече жителите во облека со византиски стил. Изгледот на војниците од гарнизонот на Минас Тирит во голема мера се засновал на византиската пешадија што се користела пред крајот на Првата крстоносна војна.
Една од главните разлики во однос на текстот од книгата е концептот на гондорската хералдика. Во Господарот на прстените, знамето на Гондор во времето на владеењето на намесниците претставувало чисто бело знаме без никакви симболи на него. Во филмот, како знаме на Гондор било прикажано кралското знаме, но со изменети бои (црно дрво наместо бело, седум црни ѕвезди и црна круна на бела заднина наместо бело дрво и ѕвезди на црна заднина). Знамињата што ги носеле гондорската коњаница и пешадија претставувале црни стегови со Белото дрво и три бели ѕвезди.
Географијата на Гондор во филмовите на Џексон исто така се разликува од онаа во книгата. Во филмот, Арагорн го гледа Пеларгир веднаш на крајот од Патеката на Мртвите, а Минас Тирит е сместен многу поблиску до Осгилијат. Пеленорските Полиња и земјите јужно од градот се прикажани како кафеави и запуштени, без никакви знаци на земјоделска дејност, иако во книгата се споменуваат фарми со многу градби и населби што се наоѓале таму.
Стражарските светилници не се запалени сѐ до доаѓањето на Гандалф и Пипин во Минас Тирит, па тие мораат да ја земат работата во свои раце и сами да го запалат првиот од светилниците.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кралства во Средната Земја