Кмерскиот или камбоџански јазик (ភាសាខ្មែរ) е службен јазик во азиската држава Камбоџа и мајчин јазик на Кмерите. Овој јазик е втор најмногу зборуван австроазиски јазик, веднаш зад виетнамскиот јазик со вкупно околу 15,7 до 21,6 милиони говорници. Кмерскиот јазик бил под одредено влијание од санскритскиот и палискиот јазик, особено во кралскиот и религискиот домеин прифатени преку хиндуизмот или бидизмот. Исто така, кмерскиот јазик е најраниот запишан мон-кмерски јазик. Поради самата географска положба на јазикот, кмерскиот имал влијание врз и од тајландскиот, лаоскиот, виетнамскиот и чамскиот, кои пак создаваат една лингвистичка група со слични одлики пред сè поради сличниот санскритски зборовен фонд.
Кмерскиот јазик се служи со свое писмо познато како аксарско или кмерско писмо. За разлика од околните јазици во Индокина, кмерскиот јазик не е тонски јазик. Јазикот е составен од пет главни дијалектни групи, а тие се:
Батамбанг - се зборува во северна Камбоџа. Пном Пен - дијалект кој се зборува во и околу главниот град. Северен кмерски - се зборува во североисточен Тајланд. Јужен кмерски или кмерски кром - дијалект кој се зборува во делтата на реката Меконг. Кардамомски кмерски - архаична форма која се зборува на планините Кардамом во западна Камбоџа.
Фонологија Стандардниот Кмерски јазик го има следниот фонолошки систем:
Согласки Лабијални Корнални Напчани Веларни ГлоталниЗвучни експлозивни Незвучни експлозивни Неексплозивни Носни Ликвидни Фрикативни Априксимантни
Согласките /f/, /ʃ/, /z/ и /ɡ/ можат да се сретнат во странски зборови како на пример од Француски или други јазици. Тие не се напишани во табелата затоа што не се сметаат како Кмерски согласки и гласовите не се сретнуваат во Кмерскиот јазик.
Самогласки
Странски гласови (МФА) Кмерски Кмерска транскрипција (МФА) ហ្គ ហ្ស ហ្វ or ហ្ស
Точниот број и фонетската вредност на самогласките варира од дијалект до дијалект. Кратките и долгите самогласки од ист квалитет се одделени според должината.
Слоговна структура Кмерските зборови се најчесто од два или три слогови. Има 85 можни структури на две согласки на почетокот на слогот и две- три согласни структури како што е покажано подолу:
Броеви
Броевите се: 0 ០ សូន្យ (son) 1 ១ មួយ (muŏy) 2 ២ ពីរ (pi) 3 ៣ បី (bei) 4 ៤ បួន (buŏn) 5 ៥ ប្រាំ (prăm) 6 ៦ ប្រាំមូយ (prăm muŏy) 7 ៧ ប្រាំពីរ (prăm pi) (also ) 8 ៨ ប្រាំបី (prăm bei) 9 ៩ ប្រាំបួន (prăm buŏn) 10 ១០ ដប់ (dâp) 100 ១០០ មួយរយ (muŏy rôy) 1,000 ១០០០ មួយពាន់ (muŏy péan) 10,000 ១០០០០ មួយម៉ឺន (muŏy mein) 100,000 ១០០០០០ មួយសែន (muŏy sên) 1,000,000 ១០០០០០០ មួយលាន (muŏy léan)
Наводи
Надворешни врски
SEAlang, кмерски јазик Извештај за кмерскиот на Етнолог Речник и проверувач на правопис на кмерски Инсталирање кмерско писмо на компјутер Кмерски јазик на UCLA Кмерско-англиски речник Кмерски речници
Категорија:Кмерски јазик Категорија:Изолативни јазици