Северен Давао, или попозната само како Давао, е покраина на Филипините која е сместена во регионот Давао на островот Минданао. Главен град е Тагум. Се граничи со покраините Јужен Агусан на север, Букиднон на запад, Давао де Оро на исток, и градот Давао на југ. Давао исто така го вклучува и остовот Самал на југ во Давајскиот Залив.
Демографија Северен Давао има вкупно население од 743.811 жители според пописот од 2000 година. Со оваа бројка е 32-ра покраина по ред во поглед на населеноста. Густината на население изнесува 215 жит. на км2. Најзборувани јазици се себуанскиот и давајскиот.
Економија Северен Давао е примарна земјоделска земја, но исто така има и рударство, шумарство, и рибарство.
Основни култури кои се одгледуваат се ориз, пченка, банана, кокос, кафе, и доста разни видови на овошја и сл.
Административна поделба Северен Давао е поделен на 8 општини и 3 града. Следи табела:
Град/Општина Бр. на Барангаи Површина(км2) Население(2000) Густина(на км2)Асунсион<center>20<center>411.52<center>60,383<center>Браулио Е. Духали<center>5<center>91.00<center>18,050<center>Кармен<center>20<center>275.16<center>55,144<center>Капалонг<center>21<center>1,012.87<center>68,593<center>Њу Корела<center>21<center>321.48<center>44,590<center>20pxПанабо<center>39<center>259.72<center>133,950<center>Самал<center>46<center>301.30<center>82,609<center>Сан Исидро<center>13<center><center>24,100<center>Санто Томас<center>19<center>320.41<center>84,367<center><center>20pxТагум<center>23<center>192.00<center>179,531 Талаингод<center>3<center>454.96<center>16,593<center>
Надворешни врски
Официјално мрежно место на покраината 2000 резултати од пописот eDavao.com theMindanao.com
Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Држави и територии настанати во 1967 година Категорија:Давао (регион)