Спортски центар „Борис Трајковски“ — повеќенаменско спортско здание во Општина Карпош, Македонија.

При нејзиното пуштање во употреба била именувана по покојниот македонски претседател Борис Трајковски. Нејзиното свечено отворање било на 22 мај кога настапиле кошаркарските егзибионисти Харлем Глоубтротерс. Салата има сместивост од 6,200 места. Салата била домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008. Таа е исто така дом на повеќе македонски национални репрезентации.

Во 2026 година, Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Македонски Телеком започнале стратешко партнерство со кое салата била преименувана во Т Арена.

Технички спецификации

Повеќенаменската сала “Борис Трајковски” е и најкомплексниот спортски објект што некогаш се изградил во Македонија. Во неа постојат две сали, една поголема која е и главна со максимална сместивост од 7000 (за кошаркарски натпревари) и 10,000 за концерти и други културни манифестации, како и една помала со сместивост од 500 седишта која може да се користи за тренинзи и за помали натпревари. Комплексот располага со опрема и со реквизити за сите спортови што се играат во него, а е приспособен во него да се одржуваат и музички, културни и други манифестации. Мултифункционалноста на објектот се надополнува со изградбата на сауна, фитнес сала, кугларница, амбуланта и други. Во склоп на салата се наоѓаат и деловни простории во кои е сместено претпријатието што ја управува салата, а предвидени се и два ресторани и кафулиња, како и простори за продавници.http://www.ehf-euro.com/Boris-Trajkovski.861.0.html| "Податоци за салата од ЕХФ"|

Историја Салата започнала да се гради на почетокот на 2004, а инвеститор бил Град Скопје. Таа била најавувана како еден од капиталните проекти на поранешниот градоначалник Ристо Пенов. Првичниот рок што си го поставиле градските власти за завршување на изградбата бил една година, но тој бил повеќекратно пробиен поради проблемите кои се појавувалее при изградбата. Уште на почетокот, додека се копале темелите, избиле подземни води и целото градилиште се поплавило. Тоа донело дополнителни трошоци од околу еден милион евра На неколку наврати градската каса останувала без доволно средства, што довело неколкупати свечено да биде одбележувано продолжувањето на градежните работи по повторното изнаоѓање на материјални средства. По доаѓањето на Трифун Костовски на градоначалничката функција на Град Скопје, градот започнал преговори со Владата да го предаде објектот во нивна јурисдикција. Преговорите се воделе уште со претходната влада и завршиле безуспешно, по што во февруари 2007 градот и Владата потпишале договор за примопредавање. Било формирано заедничкото друштво „Борис Трајковски” кое раководи со објектот, и секој од инвеститорите добил соодветен број акции во него, според парите што ги вложил или што ќе треба да ги вложи во изградбата.

Дополнително се направени измени во вентилацискиот систем кој сега е способен да овозможува непречена вентилација за 10.000 посетители.

Во јули 2026 година, салата го добило името Т Арена.

Галерија

Наводи

Белешки Сместивоста на салата дополнително била зголемена во март 2009 година.На источната трибина беше изградена монтажна трибина од 250 седишта.

Категорија:Кошаркарски собиралишта во Македонија Борис Трајковски Категорија:Спортски зданија во Скопје Категорија:Борис Трајковски Категорија:Македонската архитектура во 2008 година