Микронезија, или офиц. Сојузни Држави на Микронезија, скрат. СД Микронезија () — островска држава која се наоѓа во Тихиот Океан североисточно од Папуа Нова Гвинеја. Државата е независна и е во слободен сојуз со САД. Микронезија порано била во склоп на Поверенствата на Тихоокеанските Острови под управа на САД. Во 1979 тие усвоиле устав и во 1986 независноста била прогласена. Денес, Микронезија има голема стапка невработеност, преголемо рибарство и гзначителна зависност од помошта на САД.
Историја
Островите биле населени пред четири илјади години. Подоцна се воздигнало Јапското царство на островот Јап. Нан Мандол, често наречен како Венеција на Тихиот Океан. Тој се наоѓа во близина на Понпеи и бил политички и церемонијален центар на Сауделеурската династија која го обединила Понпеи.
Европските истражувачи, прво Португалците па Шпанците, стигнале на Каролинските Острови во 16 век и се воспоставила шпанска власт на островите. Подоцна биле продадени на Германија во 1899, а потоа освоени од Јапонија во 1914 пред да бидат присвоени кон САД за време на Втората светска војна.
Географија и клима
Сојузните Држави на Микронезија се составени од 607 острови кои се протегаат на 2.900 километри низ архипелагот Каролински Острови па до Филипините. Четирите групи на острови на Микронезија се Јап, Чук, Понпеи и Кошрај. Четирите држави се претставени со по една ѕвезда на знамето на Микронезија, Главниот град се наоѓа на Понпеи.
Државата има седум службени јазици: англиски јазик, улитански јазик, јапски јазик, понпејски јазик, кошрајски јазик и чукски јазик.
Политички систем
Сојузните Држави на Микронезија се раководат според уставот од 1979 година, кој гарантира основни човекови права и поделба на власта во државата. Конгресот на државата има 14 членови избрани преку избори. Четири сенатори, по еден од секоја држава, се избрани за четири години, а останатите 10 членови имаат мандат од 2 години. Претседателот и заменик претседателот се избрани од конгресот. Нема формални политички партии во земјата.
Стопанство
Економската активност на државата претежно се заснова на земјоделство и рибарство. Островите имаат малку минерални богатства. Ловот на туна и трговијата со истото се овива со Тајван и Кина од 1990. Потенцијалот за туристичка индистрија постои, но поради недостаток од ангажман не е толку развиен во државата. Микронезија користи американски долари како национална валута.
Административна поделба
thumb|ригхт|350px|Карта на Сојузните Држави на Микронезија Четирите држави во сојузот се: ЗнамеДржаваГлавен градПовршинаНаселениеГустина на население50px|Flag of Chuuk Чук Вено 127 км2 53,595 420 per км250px|Flag of Kosrae Кошрај Тофол 110 км2 7,686 70 per км250px|Flag of Pohnpei Понпеи Колонија 346 км2 34,486 100 per км250px|Flag of Yap Јап Колонија 118 км2 11,241 95 per км2
Овие четири држави се поделени понатка на општини.
Демографија
Староседелското население се од микронезиско потекло и зборуваат различни јазици. Скоро 100% од населението се Азијци или Микронезијци, така има: Чукци со 48.8%, Понпеанци со 24.2%, Кошрајци со 6.2%, јапи 5.2%, јапи од надворешните јапски острови со 4.5%, Азијци со 1.8%, Полинезијци со 1.5%, други 6.4% и непознати со 1.4%. Голем дел од Микронезиците имаат јапонско потекло. Покрај ова има и доселеници од САД, Австралија, Европа и привремени доселеници од Филипините и Кина.
Култура
150px|right|thumb|Камена „монета“ на Јап Државите имаат свои култури и традиции, но исто така има и заеднички културни особини и економски врски што ги поврзувале со векови. Островот Јап е познат по своите камени пари, големи дискови и големи до 4 метри во пречник со дупка во средина. Сопствениците не ги носат при купување. Има пет вида: мбул, гау, рај, јар и ренг, последниот е голем до 0.3 метри во пречник. Вредноста на парата се базира на големината и историјата на каменот. Некои од нив се пренесени дури од Нова Гвинеја, но повеќето потекнуваат од Палау. Околу 6.500 камени пари има на островот.
Наводи
Надворешни врски
Влада Влада на СД Микронезија Шеф на државата и кабинетот
Општи информации
СД Микронезија на UCB '
СД Микронезија на Jane Доверливи Територии на Тихиот Океан Инсититут за Тихоокеански острови - СД Микронезија Nature.org - Микронезија
вести The Yap Networker - весник
Карти Карта на СД Микронезија Nan Madol islet complex
Патување Водич за Микронезија Преглед на Микронезија
Поврзано Микронезија (регион) Паликир Океанија
Категорија:Држави во Океанија Категорија:Поранешни колонии на Шпанија Категорија:Поранешни колонии на Германија Категорија:Островски земји Категорија:Држави и територии настанати во 1986 година