мини|301x301пкс|Скопски кампус на Универзитетот на Југоисточна Европа Универзитет на Југоисточна Европа или УЈИЕ (, EJL; , SEEU), порано наречен и Штулов универзитет — јавно-приватен универзитет со своите два кампуса во Тетово и Скопје. Главното седиште на универзитетот е во Тетово и формиран е во 2000 година.

Историја

Изградбата на Универзитетот започнала во март 2001 и Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) се отворил шест месеци подоцна со 900 студенти. Во октомври 2002 бројот на студентитите се покачил на 2250, а во октомври 2003 г. УЈИЕ имал 3.700 студенти. Целокупниот сегашен број на студенти во УЈИЕ е 5200.

Универзитетот има политика на флексибилно учење на јазиците, но во исто време обезбедува и курсеви на македонски, албански и англиски јазик. Сите студенти го изучуваат англискиот јазик.

Почетната фаза на развојот на универзитетот била овозможна со помош на донациите на земјите од ОБСЕ и ЕУ и САД од околу 36 милиони евра. Дел од придонесот на САД е обврзан со три годишната соработка со Универзитетот на Индијана кој дал поддршка на развојот на факултетите и наставниот план.

Капацитет

Универзитетот зафаќа функционални простории вклучувајќи три амфитеатри, приближно околу 50 простории за предавање, канцаларии за кадарот, три центри за компјутери, библиотека „Макс ван дер Штул“ и станбено сместување за 450 студенти.

Сите курсеви се модуларни и го следат примерот на Европскиот кредит трансфер систем.

Формални договори за соработка Универзитетот има потпишано со Универзитетот Нант и Универзитетот Анже и Рен, Универзитетот од Приштина, Универзитетот од Тирана и Универзитетот од Питсбург во Пенсилванија, САД.

Факултети

Универзитетот располага со следните факултети:

Факултет за јазици, култури и комуникации Катедра за англиски јазик и студии Катедра за германски јазик и студии Катедра за албански јазик и студии Катедра за француски јазик и студии Правен Факултет Факултет за бизнис администрација Факултет за јавна администрација и политички науки Факултет за современи науки и технологии Факултет за здравствени науки

Наводи

Надворешни врски Универзитет на Југоисточна Европа

Категорија:Приватни универзитети во Македонија Категорија:Појавено во 2001 година во Македонија