Поимот „Босна“ пренасочува тука. За други значења на поимот „Босна“ видете Босна (појаснување).
Босна и Херцеговина или скратено БиХ — земја која се наоѓа на Балканскиот Полуостров. Тоа е држава во Југоисточна Европа, која се граничи со Хрватска на север, запад и југ, Србија на исток и Црна Гора на југоисток. Сараево е главен и најголем град во земјата.
Босна и Херцеговина е речиси континентална држава - има тесен брег долго околу 20 километри на Јадранското Море околу градот Неум. Во централниот и источниот дел на земјата, географијата е планинска, на северозапад е умерено ридска, а североисточниот дел е претежно рамен. Во внатрешноста (Босна) преовладува умереноконтинентална клима, со жешки лета и студени и снежни зими. Јужниот дел, Херцеговина, има средоземна клима и обична топографија.
Во Босна и Херцеговина биле откриени човечки населби од времето на неолитот, а на овие простори живееле илирски и келтски цивилизации. Културно, политички и општествено, земјата има богата историја. Најпрвин се населиле словенските народи од 6 до 9 век. Во 12 век била основана Бановина Босна, која во 14 век прераснала во Кралство Босна, а потоа земјата била вклучена во составот на Отоманското Царство, под чие владеење останало од средината на 15 до крајот на 19 век. Османлиите го вовеле исламот во регионот, и измениле голем дел од културниот и социјалниот изглед на земјата. Крајот на османлиското владеење завршил најпрвин со анексијата на земјата од Австроунгарија, која траела до Првата светска војна. Во меѓувоениот период, Босна и Херцеговина била дел од Кралство Југославија, а по Втората светска војна добила целосен републички статус во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на Југославија, републиката прогласила независност во 1992 година, по што следувала Босанската војна, која траела до крајот на 1995 година.
Туризмот во Босна и Херцеговина се зголемил на двоцифрени стапки во последниве години. Босна и Херцеговина е регионално и меѓународно позната по својата природна околина и културно наследство наследено од шест историски цивилизации, нејзината кујна, зимски спортови, уникатна музика, архитектура и нејзините фестивали, од кои некои се најголеми и најистакнати во Југоисточна Европа. Земјата е дом на три главни етнички групи или, официјално, конститутивни народи, како што е наведено во Уставот. Бошњаците се најголемата група, по кое следуваат Србите и Хрватите. Роден во Босна и Херцеговина, без разлика на етничката припадност, обично се идентификува како Босанец. Малцинствата, дефинирани според уставната номенклатура „Други“, вклучуваат Евреи, Роми, Полјаци, Украинци и Турци. Босна и Херцеговина има дводомно законодавно тело и тричлено претседателство составено од член на секоја од главните етнички групи. Сепак, моќта на централната влада е многу ограничена, бидејќи земјата е во голема мера децентрализирана и се состои од два автономни ентитети: Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска, како и округот Брчко, управуван под локална власт. Федерацијата на Босна и Херцеговина се состои од 10 кантони.
Босна и Херцеговина е рангирана високо во однос на човековиот развој и има економија во која доминираат индустријата и земјоделскиот сектор, по што следат туристичкиот и услужниот сектор. Земјата има социјална сигурност и универзален здравствен систем, а образованието во основно и средно образование е бесплатно. Босна и Херцеговина е членка на ООН, ОБСЕ, Советот на Европа, ПзМ, ЦЕФТА и основачки член на Средоземната Унија по нејзиното формирање во јули 2008 година. Земјата е апликант за членство во Европската Унија и е кандидат за членство во НАТО од април 2010 година, кога добила Акционен план за членство.
Потекло на поимот
Првото зачувано широко споменување на Босна е во За управувањето со царството, политичко-географски прирачник напишан од византискиот цар Константин VII во средината на 10 век (помеѓу 948 и 952), во кој се опишува „малата земја“ (χωρίον на грчки) на „Босона“ (Βοσώνα).
Се верува дека името се добило од хидронимот на реката Босна, која се простира низ босанските средини. Според филологот Антон Мајер, името Босна би можело да произлезе од илирскиот „бас-ан-ас“, што би произлегло од праиндоевропскиот корен бос - што значи „протечна вода“. Според англискиот средновековник Вилијам Милер, словенските доселеници во Босна „го адаптирале латинското име [...] Басанте, на свој идиом, нарекувајќи ја Босна [...]“.
Името Херцеговина („земја на херцог“ од германски збор за „војвода“) потекнува од босанскиот магнат Стјепан Вукчиќ Кошача, кој имал титула Херцег (Херцог) (1448). Хум било рано средновековно кнежевство, кое во првата половина на 14 век било освоено од страна на Бановина Босна. Регионот бил управуван од Отоманците како Босански санџак во рамките на Босанскиот пашалак до формирањето на краткотрајниот Херцеговински пашалак во 1830-тите.
По првичното прогласување на независноста во 1992 година, официјалното име на земјата било Република Босна и Херцеговина, но по Дејтонскиот договор од 1995 година и новиот устав, официјалното име се променило во Босна и Херцеговина.
Историја
Ран период
Босна е населена од човекот уште од неолитската ера. Најраното неолитско население станало познато во Антиката како Илири. Келтските миграции во 4 век п.н.е. биле забележливи. Конкретни историски докази за овој период се ретки, но генерално се чини дека регионот бил населен со голем број различни луѓе кои зборувале различни јазици. Конфликтот меѓу Илирите и Римјаните започнал во 229 година п.н.е., но Рим не ја завршил анексијата на регионот до 9 век. Токму во денешна Босна и Херцеговина, Рим се борел со една од најтешките битки во својата историја од Пунските војни, како што е опишано од римскиот историчар СветонијСветониј, Тибериј 16,17. Тоа бил римскиот поход против Илирик, познат како Панонско востаниеMiller, Norma. Tacitus: Annals I, 2002, . It had originally been joined to Illyricum, but after the great Illyrian/Pannonian revolt of AD 6 it was made a separate province with its own governor. Конфликтот се појавил по обид за регрутирање на Илирите, и револтот траел четири години (6-9 н.е.), по што илирите биле покорениStipčević, Aleksandar, The Illyrians: History and Culture, 1974, Noyess Press. Во римскиот период, доселениците од целото Римско Царство се населиле меѓу Илирите, а римските војници биле охрабрувани да се пензионираат во регионот.
По поделбата на царството меѓу 337 и 395 година, Далмација и Панонија станале дел од Западното Римско Царство. Регионот бил освоен од Остроготите во 455 година, а подоцна и од Аланите и Хуните. До 6 век, царот Јустинијан го освоил подрачјето и го вклучил во соствот на Византија. Словените го преплавиле Балканот во 6 и 7 век.
Илирски период
Бронзената култура на Илирите, етничка група со посебна културна и уметничка форма, започнала да се организира во денешните земји Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Македонија, Албанија и делови од северна Грција.
Од 8 век п.н.е., племињата на Илирите се развиле во царства. Најрано регистрирано царство во Илирија (регион во западниот дел на Балканскиот Полуостров населен со Илирите, како што е запишано во класичната античка) било царството на Енхелејците во 8 век п.н.е. Најзначајните илирски царства и династии биле оние на Бардил и Агрон, кои го создале последното и најпознато илирско царство.
Од 7 век п.н.е, бронзата била заменета со железо, по што само накит и уметнички предмети сè уште се изработувале од бронза. Илириските племиња, под влијание на Халштат на север, формирале регионални центри кои биле малку поинакви.
Многу важна улога во нивниот живот бил култот кон мртвите, што се гледа во нивните погребни церемонии, како и богатството на нивните гробници. Во северните делови имало долга традиција на кремирање и погребување во плитки гробови, додека на југ мртвите биле погребувани во големи камења кои во Херцеговина достигнувале монументални големини од 50 м и високи до 5 метри.
Во 4 век п.н.е. била забележана првата инвазија на Келтите. Тие само поминале на пат кон Грција, така што нивното влијание во Босна и Херцеговина е занемарливо. Келтските миграции раселеле многу илирски племиња од нивните поранешни земји, но некои келтски и илирски племиња се мешале. Конкретни историски докази за овој период се ретки, но генерално се смета дека регионот бил населен со голем број различни народи кои зборуваат различни јазици.
Во делтата на Неретва на југ, постоело значајно хеленистичко влијание на племето Даорси. Нивниот главен град бил Дарсон во близина на Столац, главниот центар на античката култура во БиХ. Даорсон во 4 век п.н.е. бил опкружен со мегалитички високи камени ѕидови од 5 метри (колку што се оние од Микена во Грција), составени од големи трапезоидни камени блокови.
Средновековен период thumb|right|Хвалов зборник
Раните Словени извршиле напади во Западен Балкан, вклучувајќи ја и Босна, во 6 и почетокот на 7 век (во периодот на миграција), по кој период била основана една словенска конфедерација позната на Византијците како СклавинијаHupchick, Dennis P. The Balkans from Constantinople to Communism, pp. 28–30. Palgrave Macmillan (2004). Племињата кои денеска се познати како Срби и Хрвати се опишуваат како различни во текот на втората четвртина од 7 век, и се смета дека не биле особено бројни и нивниот идентитет е предмет на научна дебата.
Првото зачувано широко споменување на Босна е во За управувањето со царството, политичко-географски прирачник напишан од византискиот цар Константин VII во средината на 10 век (помеѓу 948 и 952), каде кон крајот од поглавјето (глава 32) пишува за „Србите и земјата во која тие сега живеат“. Ова било научно толкувано на неколку начини и посебно користено од српските национални идеолози за да ја покажат Босна како српска земја. Другите научници тврдат дека вклучувањето на Босна во глава 32 е само резултат на привременото владеење на српскиот голем кнез Часлав.
Во средниот век територијата била често оспорувана помеѓу Кралство Унгарија и Византија. Во следниот период била формирана најпрвин Бановина Босна Босанска Бановина претставувала средновековна држава што се наоѓала на најголемиот дел од денешната Босна и Херцеговина, како и делови од Далмација (во Хрватска), Србија и Црна Гора. Иако земјата имала вазален статус на Кралство Унгарија, Босна де факто била независна држава. Босанската Бановина постоела до 1377 година, кога била издигната во царство со крунисувањето на Твртко I, кога го достигнала својот врв. Во 1372 година, Твртко формирал сојуз со принцот Лазар Хребељановиќ, еден од регионалните владеттели на територијата на распарнатото Српско Царство . Во 1377, Твртко бил крунисан за крал на Србите, Босна, Приморје и западните земји. Стекнувањето на српската територија, вклучувајќи го и значајниот манастир Милешева, во комбинација со фактот дека бабата на Твртко бил член на династијата Немањиќ, го поттикнал Твртко, исто така, да се прогласи за крал на Србија, со што ги потврдил своите претензии на српскиот престол. По смртта на Твртко I, моќта на босанската држава полека започнала да се намалува. Отоманското Царство веќе ја започнало својата инвазија врз Европа и претставувала голема закана за Балканот во текот на првата половина на 15 век.
Отомански период