thumb|250px|Поглед од јужната страна на Мон Блан во ноември, од патнички авион на релација Париз-Торино, со ледниците Бруљар (лево) и Френеј (десно).

Монблан (, = „Бела Планина“) — планина во Алпите со највисок врв во Западна Европа од 4 808 м.н.в.

Планината се протега помеѓу регионите на долината Аоста во Италија и Високи Савои во Франција. Врвот Монблан се наоѓа на границата помеѓу двете земји, иако и едната и другата сакаат да го цртаат на картите како свој. Последен договор за границата е оној помеѓу Франција и Кралството Сардинија кајшто границата е определена на највисоката точка на Монблан:Image:1823 Mont Blanc 1.jpg.

Планината е популарна за планинарење, алпинизам и скијање. Најпознати центри се Шамони и Курмајер.

Врвот Монблан први го искачиле Жак Балма и Мишел Габриел Пакар на 8 август 1786.

Прв Македонец што се искачил на Мон Блан е Бранко Михајловски, во август 1967 година. Како член на планинарското друштво „Металург-Железара“ - Скопје, бил учесник во акцијата на планинарското друштво „Победа“ - Белград, во август 1967 година се искачил на Мон Блан. Од 31 учесник на акцијата се искачиле троца, во списокот на учесници на акцијата Бранко Михајловски е запишан под реден број 25.

Поврзано Монблански тунел

Наводи

Категорија:Планини во Франција Категорија:Планини во Италија Категорија:Планини на Алпите Категорија:Планини во Европа Категорија:Седум врвови Категорија:Горна Савоја Категорија:Аостинска Долина Категорија:Четириилјадници Категорија:Највисоки точки на земјите Категорија:Меѓународни планини во Европа