Ал-Каеда () е глобална воена исламистичка терористичка организација основана од Осама Бин Ладен во периодот помеѓу август 1988. и крајот на 1989 година. Работи како мрежа од мултинационална армија од лица без државјанство и радикалното движење на сунитите за глобален џихад и интерпретација на шеријатот. Прогласена е за „терористичка организација“ од страна на САД, Обединетото Кралство, Советот за безбедност на ОН, Европската Унија, НАТО и многу други држави.
Ал-Каеда нападнала цивилни и воени мети во повеќе земји, како нападите на 11 септември, бомбардирањата на амбасадата на САД во 1998 година и бомбардирањата на Бали во 2002 година. Владата на САД им возвратила со започнување на Војна против тероризмот. Ал-Каеда продлжила да постои и да се проширува. Со смртта на главните комуникатори, како Анвар ал Авлаки, способноста на „брендот“ Ал-Каеда да инспирира, мотивира и и да внесува страв, нагло се намалила .
Карактеристичните техники вклучуваат самоубиствени напади и истовремени бомбашки напади на различни цели. Во овие активности се вклучени членови на движењето кои се заколниле на лојалност кон Осама бин Ладен, или пак побројните индивидуалци поврзани со Ал-Каеда кои поминале низ обука во еден од нивните кампови во Авганистан, Пакистан, Ирак или Судан, но не положиле никаква заклетва.. Идеолозите на Ал-Каеда предвидуваат целосно отфрлање на сите странски влијанија во муслиманските земји и создавање на нов исламски калифат ширум светот.. Според некои верувања се смета дека христијанско- еврејскиот сојуз е заговор за уништување на исламот.Fu'ad Husayn `Al-Zarqawi, "The Second Generation of al-Qa’ida, Part Fourteen," Al-Quds al-Arabi, July 13, 2005. Салафистите веруваат дека убивањето на цивили е религиски одобрено и не прифаќаат религиско свето писмо кое забранува убиство на цивили и смртоносни борби. Ал-Каеда исто така е против законите создадени од човекот и сака да ги замени со тврдокорната форма на шеријатскиот закон.
Ал-Каеда е исто така одговорна за иницирање на секташко насилство меѓу муслиманите.Dragons and Tigers: A Geography of South, East, and Southeast Asia – (2011) – Barbara A. Weightman. Ал-Каеда не ги толерира гранките на исламот кои не се сунитски, ги прогласува за неверници (текфир) и ги исклучува од заедницата. водачите на Ал-Каеда ги сметаат либералните муслимани, Шиитите, Суфитите, Ахмадите и други секти за кривоверци и имаат извршено напади врз нивните џамии, како и напади за време на нивните собири.Security strategy and transatlantic relations (2006) Roland Dannreuther. Примери за секташки напади се бомбардирањата на верската заедница Језиди, бомбардирањата на градот Садр, масакрот Ашура и бомбардирањата на Багдад во април 2007 година.Jihad and Just War in the War on Terror (2011) Alia Brahimi
Организација
Филозофијата на управување на Ал-Каеда е опишана како „централизација на одлука и децентрализација на извршување“"al-Hammadi, Khalid, "The Inside Story of al-Qa'ida", part 4, Al-Quds al-Arabi, March 22, 2005 . После војната против тероризмот се сметало дека водството на Ал-Каеда станало географски изолирано, што довело до појава на децентрализирано водство на регионални групи користејќи го брендот на Ал-Каеда.“
Многу експерти за тероризам сметаат дека глобалното џихадско движење на било кое ниво не е предводено од водачите на Ал-Каеда. Иако Бин Ладен пред неговата смрт сè уште имал големо идеолошко влијание врз некои муслимански екстремисти, сепак експертите тврдат дека Ал-Каеда била фрагментирана со текот на годините во различни регионални движења кои немаат голема меѓусебна поврзаност. Марк Сагеман, психијатар и поранешен советник во Централната разузнавачка агенција, рекол дека сега Ал-Каеда: „ќе биде само симболичка ознака за движење кое е насочено против Западот. Не постои чадор-организација. Ние сакаме во нашите глави да си создадеме измислен ентитет, но тоа не е реалноста со која се соочуваме“.
Ова гледиште го отсликува исказот на Осама Бин Ладен во неговото интервју од октомври 2001 година за Тајсер Алуни:
"„... Ова не е за некоја одредена личност и не е за организацијата Ал-Каеда. Ние сме деца на исламска нација чиј водач е пророкот Мухамед, нашиот Господар е еден... и сите вистински верници се браќа.
Па ситуацијата не е онаква како што ја отсликува Западот, дека постои една организација со одредено име (како на пример Ал-Каеда) и така натаму. Тоа име е многу старо. Се родило без наша намера. Братот Абу Убеида... основал воена база за да ги оспособи младите момчиња да се борат против злобната, арогантна, брутална, тероризирачка Советска Империја...Значи ова место било наречено „База“, како база за обука, па ова име останало и се проширило. Ние не сме одделени од оваа нација. Ние сме деца на нацијата и сме неодвоив дел од неа и од оние јавни демонстрации кои се проширија од Далечниот Исток, од Филипините , до Индонезија, Малезија, Индија, Пакистан , Мавританија... и така дискутираме за свеста на оваа нација.“
Како и да е, други ја гледаат Ал-Каеда како интегрирана мрежа кој е предводена строго од пакистанските племенски области и која има моќна стратешка цел. Брус Хофман, експерт за тероризам на Универзитетот Џорџтаун вели: „Ме изненадува тоа што луѓето мислат дека не постои противник и дека нашиот противник нема стратешки пристап.“
Ал-Каеда ги има следниве директни филијали:
Ал-Каеда во Арапскиот полуостров кој се состои од: Ал-Каеда во Саудиска Арабија и Исламскиот џихад во Јемен Ал-Каеда во Ирак Ал-Каеда во исламскиот Магреб Ал Шабаб (муџахединско движење на млади) во Сомалија Египетскиот исламски џихад Либиска исламска борбена група Исламско движење за Источен Туркестан во Синџијанг, Кина
водство thumb|300px|Пакистанскиот новинар Хамид Мир во интервју со водачот на Ал-Каеда Осама Бин Ладен во 1997 година во Авганистан
Информациите добиени од Џамал Ал Фадл им обезбедиле груба слика на американските власти за тоа како е организирана групата. Иако веродостојноста на информациите добиени од Ал Фадл и мотивацијата за неговата соработка се спорни, моменталната информираност на американските власти во врска со Ал-Каеда се заснова најмногу на неговото сведочење...
Осама бин Ладен бил историски најзначаен емир или командант и главен оперативен шеф на Ал-Каеда пред да биде убиен на 1 мај 2011 година од страна на силите на САД. Ајман ал Завахири, заменик оперативен шеф на Ал-Каеда пред смртта на Бин Ладен, ја презел улогата на командант како што било објавено од Ал-Каеда на 16 јуни 2011 година, заменувајќи го Саиф ал Адел кој бил привремен командант.
Од 6 август 2010 година шеф на операции бил Аднан Гулшаир ел Шукријумах, заменувајќи го Калид Шеик Мухамед..
Бин Ладен бил советуван од Шура советот, кој според западните официјални лица броел 20-30 членови на Ал-Каеда од повисок ранг. Абу Мусаб Ал Заркави бил главен водач на Ал-Каеда во Ирак, но неговото засолниште било намерно погодено од проектили на САД, па него го наследил Абу Ајуб ал Масри кој подоцна на 8 април 2010 година исто така бил убиен од страна на воените сили на Ирак и САД. Атијах Абд ал Рахман наводно бил втор командант пред неговата смрт на 22 август 2011 година.
Мрежата на Ал-Каеда уште од почеток била изградена како конспиративна мрежа која ги повикува водачите од сите свои регионални јазли „како и кога е потребно да служат како интегрален дел на нејзината врховна команда“.
Воениот комитет е одговорен за обучување оперативци, набавување оружје и планирање напади. Финансискиот комитет финансира регрутирање и обука на оперативци преку неформалниот банкарскиот систем „хавала“. Напорите на САД за да се сопрат изворите на финансирање тероризам. биле најуспешни во годината после нападот на 11 септември., но Ал-Каеда продолжува да оперира преку нерегулирани банки. Исто така обезбедува авионски билети и лажни пасоши, ги плаќа членовите на Ал-Каеда и ги надгледува профитабилните бизниси. Во извештајот на Комисијата 9/11, Националната комисија за терористички напади на САД, било проценето дека на Ал-Каеда и се потребни 30 милиони долари годишно за да ги спроведе своите операции Правниот комитет го разгледува Шеријатското право и одлучува дали одредени планови за акција се во согласност со правото Исламски комитет за издавање фатва - се занимава со верски едикти, како едиктот од 1998 година кој им наредувал на муслиманите да убиваат Американци Во доцните деведестетти години постоел јавно познат Медиумски комитет кој управувал со сега веќе непостоечкиот весник „Нашрат ал Акбар“ и бил одговорен за односите со јавноста Во 2005 година Ал-Каеда ја формирала медиумската продуцентска куќа Ас Сахаб за да ги доставува своите видео и аудио материјали
Командна структура
Кога го прашале комесарот на лондонската полиција Сер Ијан Блер за можноста Ал-Каеда да е вмешана во бомбардирањата на Лондон на 7 јули 2005 година тој одговорил: „Ал-Каеда не е организација. Ал-Каеда е начин на работење... ова ја има ознаката на тој пристап... Ал-Каеда очигледно има способност да обезбеди обучување...да обезбеди експертиза... и мислам дека тоа всушност е она што се случи овде.“
Како и да е, на 13 август 2005 година, весникот „The independent“, врз основа на полицијата и истрагата на службата за безбедност (MI5) објавил дека бомбардерите дејствувале независно од главниот организатор на терористичките напади на Ал-Каеда.
Што точно е Ал-Каеда или што беше, останува спорно. Авторот и новинар Адам Куртис тврди дека идејата на Ал-Каеда како формална организација првенствено е американска измислица. Куртис тврди дека името „Ал-Каеда“ првпат го привлекло вниманието на јавноста во 2001 година на судењето на Бин Ладен и четворицата мажи обвинети за бомбардирањата во 1998 година на амбасадата на САД во Источна Африка:
Реалноста е дека Бин Ладен и Ајман ал Завахири станале центар на една асоцијација од разочарани исламистички војници кои биле привлечени од новата стратегија. Но организација не постоела. Ова биле војници кои најчесто ги планирале своите операции и очекувале од Бин Ладен финансирање и помош. Тој не бил нивен командант. Исто така нема доказ дека Бин Ладен го користел поимот „ал-каеда“ како име кое се однесува на некоја група сè до 11 септември кога сфатил дека ова е терминот кој Американците им го дале.The Power of Nightmares, BBC Documentary.
Од правна гледна точка, Министерството за правда на САД требало да покаже дека Бин Ладен бил водач на криминална организација за да може да го обвини „во отсуство“ според правилникот на РИЦО. Името на организацијата и детали за нејзината структура биле добиени од сведочењето на Џамал ал Фадл, кој кажал дека бил основач на организацијата и поранешен вработен на Бин Ладен.. Ал Фадл веќе бил осуден за заговор за напад на воените установи на САД ,па неговото сведочење било дел од договорот за да добие помала казна. Поради ова, како и поради неговото нечесно минато, се појавиле сомневања за веродостојноста на неговото сведочење.. Сем Шмидт, еден од неговите адвокати рекол:
Имаше одредени делови од сведочењето на Ал Фадл кои ги сметам за лага, давајќи им слика која им помогна на Американците да се здружат против Ал-Каеда. Мислам дека лажеше во сведочењето со цел да создаде слика за Ал-Каеда како обединета организација. Тоа ја направи Ал-Каеда новата мафија или новите комунисти. Ги направи препознатливи како група и оттука го направи полесно прогонувањето на било која личност поврзана со Ал-Каеда, за какви било дела или изјави од страна на Бин Ладен.
Теренски оперативци