Фиат Пунто е мал градски автомобил кој се произведува од 1993 година, а неговата актуелна верзија е достапна во хечбек-изведба со три и пет врати.
Серија 1 Серијата 1 на Пунто првпат беше претставена во септември 1993 година, а во продажба се најде во почетокот на 1994 година, како замена за моделот Фиат Уно. Таа генерација на Пунто беше достапна и во кабриолетска изведба, а ја освои титулата Европски автомобил на годината за 1995 година.
Мотори Бензин: 1.1 8V, 40 kW (55 KS) 1.2 8V, 44 kW (60 KS) 1.2 8V, 54 kW (73 KS) 1.2 16V, 63 kW (85 KS) 1.4 8V (Turbo), 98 kW (133 KS) 1.6 8V, 65 kW (88 KS)дизел: 1.7 TD, 44 kW (60 KS) 1.7 TD, 52 kW (70 KS)
Серија 2 Серија 2 на Пунто во продажба влезе во 1999 година.
Мотори Бензин 1.2 8V, 44 kW (60 PS) (1999–danas) 1.2 16V, 59 kW (80 PS) (1999–2005) 1.4 16V, 70 kW (95 PS) (2003–2005) 1.8 16V, 96 kW (131 PS) (1999–2005)Diesel 1.9 D, 44 kW (60 PS) (1999–2003) 1.9 JTD, 59 kW (80 PS) (1999–2002) 1.9 JTD 85, 63 kW (85 PS) (2002–2003)
Серија Mark 2b Серијата 2 во 2003 година со серијата Mark 2b доживеа мали надворешни измени, и нови мотори покрај веќе постојните .
Мотори Бензин 1.4 16V, 70 kW (95 PS) (2003–2005) 1.8 16V, 96 kW (131 PS) (1999–2005)Дизел 1.3 JTD Multijet, 51 kW (70 PS) (2003–2007) 1.9 JTD Multijet, 74 kW (100 PS) (2003–2005)
Серија 3 'Grande Punto'
thumb|left|Гранде Пунто Моделот од серијата 3, под фабричкото име Проект 199, на пазарот излезе под името Гранде Пунто и првпат беше претставен во 2005 г. на саемот за автомобили во Франкфурт. Една година потоа започна и продажбата. Повторно дизајниран од Џуџаро, автомобилот ја користи SCCS платформата на Фиат/Џенерал Моторс.
Серија 3 'Punto Evo'
thumb|left|Пунто Ево Овој модел претставува подновена и унапредена верзија на моделот Гранде Пунто и на пазарот во Италија се појави на 10 октомври 2009 г., а веднаш потоа започна промоцијата и продажбата во останатите земји во светот. мини|Фиат Пунто Ево
Надворешни врски
Fiat http://www.automobilesk.com.mk/
Категорија:Италијански автомобили