Силенд () е микродржава која полага право на вештачкиот остров Раф Тауер, воена платформа од Втората светска војна во Северното Море, 10 км од брегот на Велика Британија (на координатите 51°53′ 40 N°1′ 28), како и на територијалните води околу во пречник од 12 наутички милји. Силенд го зазел Педи Рој Бејтс со семејството и соработниците, кои себеси се прогласил како Принц Рој од Силенд.
Силенд е веројатно светски најпознатата микродржава, и иако нејзиниот суверенитет ретко се сфаќа сериозно, примерот на Силенд неретко се цитира во дебатите за меѓународното право.
Историја
Изградба на платформата За време на Втората светска војна, британската влада изградила неколку платформи во Северното Море за да ги брани своите брегови од германските освојувачи. Некои од овие платформи (вклучувајки го и Силенд) биле изградени нелегално во меѓународни води.
Прогласување на Силенд Во раните 60-ти, Рој Бејтс, мајор во британската армија, нелегално основал радио станица, сместена на крајбрежјето на напуштена поранешна поморска платформа наречена „Кук Џон“.
Битки за суверенитет Набргу по прогласувањето на независноста, принцот Мајкл, одби седум обиди за вооружена инвазија, употребувајќи арсенал пиштоли и рачно изработени проектили. Кон крајот на шеесетите години, Силенд ќе се најде во борба за опстанок на неколку фронтови бидејќи британската влада станала свесна за Силенд и за потенцијалните проблеми поврзани со новата земја на седум милји од нивниот брег.
Географија лево|мини|Карта на Силенд на која се прикажани територијалните води кои се предмет на жалби Силенд официјално е дел од британските територијални води. Оддлачен е околу 7 милји од британскиот брег. Зафаќа површина од 550 m² и бројот на престојувачи ретко надминува петмина луѓе.
Галерија
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Мрежно место на бунтовничката влада - Најнови вести од силендарците Sealand News - Официјалниот весник Sealand National Anthem - MIDI file на државната химна.info
Категорија:Микродржави