Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, позната и како „Репрезентација А Мажи“ — спортска репрезентација која ја претставува Македонија во кошарка во машка конкуренција.

Репрезентацијата е под покровителство на Македонската Кошаркарска Федерација (КФМ) и е членка на ФИБА од 1993 година. Најголем успех на репрезентацијата е учеството на Европското првенство во кошарка во 2011 година во Литванија, каде Македонија го освоила четвртото место. Поради овој успех, самопрегорноста во играта и афирмацијата на татковината во светот, екипата била одликувана со Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот на државата.

Историја КФМ, како раководно тело на кошаркарските репрезентации и екипи во Македонија, била создадена во 1992 година и една година подоцна била примена во рамките на ФИБА Европа. Претходно, македонските машки и женски кошаркари биле дел од репрезентацијата на СФРЈ, која своевремено била една од најголемите сили на светската кошаркарска сцена. По распадот на СФРЈ, секоја поранешна југословенска република започнала со нови кошаркарски федерации и репрезентации.

Европски првенства

годинаместонатпреварувањедомаќин 1955 Види Југославија Евробаскет 1955 Унгарија 1957 Види Југославија Евробаскет 1957 Бугарија 1959 Види Југославија Евробаскет 1959 Турција 1961 Види Југославија Евробаскет 1961 Југославија 1963 Види Југославија Евробаскет 1963 Полска 1965 Види Југославија Евробаскет 1965 СССР 1967 Види Југославија Евробаскет 1967 Финска 1969 Види Југославија Евробаскет 1969 Италија 1971 Види Југославија Евробаскет 1971 Западна Германија 1973 Види Југославија Евробаскет 1973 Шпанија 1975 Види Југославија Евробаскет 1975 Југославија 1977 Види Југославија Евробаскет 1977 Белгија 1979 Види Југославија Евробаскет 1979 Италија 1981 Види Југославија Евробаскет 1981 Чехословачка 1983 Види Југославија Евробаскет 1983 Франција 1985 Види Југославија Евробаскет 1985 Западна Германија 1987 Види Југославија Евробаскет 1987 Грција 1989 Види Југославија Евробаскет 1989 Југославија 1991 Види Југославија Евробаскет 1991 Италија

Летни олимписки игри

годинаместонатпреварувањедомаќин 1936 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1936 Германија 1948 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1948 Велика Британија 1952 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1952 Финска 1956 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1956 Австралија 1960 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1960 Италија 1964 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1964 Јапонија 1968 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1968 Мексико 1972 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1972 Германија 1976 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1976 Канада 1980 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1980 СССР 1984 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1984 САД 1988 Види Југославија Кошарка на Летните олимписки игри 1988 Кореја

Светски првенства

годинаместонатпреварувањедомаќин 1950 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1950 Аргентина 1954 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1954 Бразил 1959 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1959 Чиле 1963 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1963 Бразил 1967 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1967 Уругвај 1970 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1970 Југославија 1974 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1974 Порторико 1878 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1978 Филипини 1982 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1982 Колумбија 1986 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1986 Шпанија 1990 Види Југославија Светско првенство во кошарка 1990 Аргентина

Настапи на Македонија како самостојна репрезентација Евробаскет 1999

Првиот голем успех, македонската кошаркарска репрезентација го забележала во 1999 година, кога се пласирала на завршницата на европското првенство во Франција. За време на ова првенство, Македонија била дел од групата А, заедно со СР Југославија, Франција и Израел. Во оваа група, Македонија завршила последна, со освоени 3 бода и кош разлика од -21. Целосно гледано, на ова европско првенство, Македонија завршила на 14 место, пред Босна и Херцеговина и последнопласираната Грција.

ЕкипаБодови Поб. Пор. PCT ДП ПП Раз. 6 3 0 1.000 227 181 +46 5 2 1 0.667 200 196 +4 4 1 2 0.333 191 220 -29 3 0 3 0.000 197 218 -21

Евробаскет 2009

Следниот позначаен резултат Македонија го забележала по 10 години од првото учество на европското првенство, кога успеала да се пласира на завршницата на европското првенство во Полска во 2009 година. На завршниот турнир, Македонија дошла преку квалификациите кои траеле од 3 до 20 септември 2008 година. Македонија била дел од групата Б, заедно со Летонија, Португалија и Естонија. На крајот од квалификациската рунда, Македонија како водач во групата обезбедила место на завршницата во Полска. На Европското првенство, Македонија била дел од групата А, заедно со Грција, Хрватска и Израел. На ова европско првенство, Македонија го забележала дотогаш најголемиот успех, односно успеала да ја помине групата и на конечната листа да заврши на деветтото место. По поминувањето на групата, Македонија била дел од групата Е, заедно со Франција, Русија, Грција, Хрватска и Германија и завршила на претпоследното место, кое гарантирало деветто место на конечната ранг листа. На овој евробаскет, Македонија го забележала успехот со победување на репрезентациите на Израел и Германија и со конечен рекорд 2-4. На ова првенство, селектор на репрезентацијата бил српскиот тренер Јовица Арсиќ, која ја водел македонската репрезентација од 2007 година, а по завршувањето на првенството, и покрај остварениот задоволителен успех, тој неочекувано предвреме го раскинал договорот со КФМ."Џикиќ ќе ги засука ракавите", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 27.

ЕкипаОдиг.Поб.Пор.ДКПККРБодовиДвобој 5 5 0 380 334 +46 10 5 3 2 338 338 0 81–0 5 3 2 380 337 +43 80–1 5 2 3 357 364 -7 7 5 1 4 337 396 -59 61–0 5 1 4 360 383 -23 60–1

Евробаскет 2011

ЕкипаОНПоб.Пор.ДПППКРБод.5 5 0 355 310 +45 10 5 4 1 338 313 +25 9 5 3 2 348 336 +12 8 5 2 3 337 337 0 7 5 1 4 338 372 -34 6 5 0 5 329 377 -48 5

Македонија се пласирала на Евробаскетот 2011 во Литванија преку квалификациите. Во квалификицациите, Македонија играла во група со Велика Британија, Босна и Херцеговина, Украина и Унгарија. Како второпласирана репрезентација во квалификациите, Македонија обезбедила учество на Евробаскетот, каде играла во групата C, со Црна Гора, Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина и Финска.

На Евробаскетот 2011 година, Македонија била предводена од селекторот Марин Докузовски. Во прелиминарнара фаза, Македонија завршила на првото место во групата C, со 4 победи и еден пораз, односно ги победила селекциите на Грција, Финска, Хрватска и Босна и Херцеговина, а забележала пораз од Црна Гора, кој воедно бил прв натпревар во групата. Со тој резултат, Македонија влегла во втората фаза од првенството, односно во групата F, каде играла против Грузија, Словенија и Русија, а во таа група биле и репрезентациите на Финска и Грција.

По победата над Грузија, Македонија обезбедила пласман во четвртфиналето, што до тој момент бил најголем успех во македонската кошаркарска историја. Во претпоследното коло од втората фаза, Македонија ја поразила Словенија, а во последното коло од втората фаза, Македонија тесно изгубила од Русија на две секунди при крајот.

Како второпласирана во групата од втората фаза, Македонија во четвртфиналето играла со третопласираната од другата група, односно со домаќинот Литванија, која ја совладала со два бода разлика и обезбедила учество во полуфиналето. Во полуфиналето, селекцијата на Македонија се сретнала со Шпанија, која во четвртфиналето ја победила Словенија и така го постигнала најголемиот успех во историјата на македонската кошарка. Во полуфиналето, Македонија загубила од Шпанија и со тоа играла за бронза со Русија, а Шпанија играла за златото со Франција. Во борбата за третото место, Македонија загубила од Русија и завршила на четвртото место - најдобриот пласман во историјата на оваа репрезентација. Истовремено, благодарение на освоеното четврто место, Македонија директно се пласирала на Евробаскетот 2013 и на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон 2012.

По завршувањето на првенството, во Скопје била приредена голема прослава низ улиците и плоштадите, дополнета со пригодна програма. Сепак, и покрај остварениот огромен успех, веднаш по Евробаскетот 2011, селекторот Докузовски поднесол оставка.

Летни олимписки игри 2012 Македонија, како четвртопласирана на Евробаскетот 2011, обезбедила пласман на квалификацискиот турнир за Летните олимписки игри во Лондон 2012 година. Македонија играла во групата Д, со селекциите на Нов Зеланд и Ангола. Првите две пласирани екипи од оваа група играле во четвртфиналето против првите две пласирани од групата Ц при што смо три екипи обезбедиле пласман на ЛОИ во Лондон 2012. Турнирот се одржувал во Венецуела, а првиот натпревар Македонија го одиграла на 3 јули 2012 против Нов Зеланд. Македонија не успеала да се квалификува за Олимписките игри, бидејќи била поразена во четвртфиналето со пораз од Доминикана.

Евробаскет 2013

Македонија се квалификувала за Евробаскетот 2013 година, кој се одржал во Словенија. На ова првенство, репрезентацијата ја водел селекторот Алеш Пипан, кој истовремено бил тренер и на МЗТ Аеродром. При извлекувањето на групите, Македонија била во првиот шешир и играла во групата B, заедно со селекциите на Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Латвија и Литванија, а натпреварите се играле во Јесенице. Настапот на ова првенство, Македонија го завршила уште во првата фаза, пласирајќи се како последна во групата В. По завршувањето на првенството, како последица на острите критики за претрпениот неуспех, селекторот Пипан поднесол оставка.„Џикиќ ќе ги засука ракавите“, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 27.

Евробаскет 2015

Во квалификациите за Евробаскет 2015, Македонија била во групата „Д“, заедно со репрезентациите на Данска, Белгија и Белорусија. Во првото коло, во Скопје, Македонија ја победила репрезентацијата на Белгија со 76-73. Во второто квалификациско коло, во данскиот град Хорсенс, Македонија го победила домаќинот Данска со 81-75. На 17 август 2014 година, Македонија играла со Белорусија како гостин и победила со 81-70. Три дена подоцна, на 20 август, на гостувањето во Белгија, Македонија изгубила со 60-63. На 24 август, во Скопје, Македонија ја победила Данска, со резултат 80-46, а на последната средба, одиграна на 27 август во Скопје била поразена и репрезентацијата на Белорусија, со 72-66.

На тој начин, Македонија завршила на второто место во својата група, остварувајќи пет победи и еден пораз, со исто бодови како и првопласираната Белгија, но со послаба кош-разлика. Оттука, како најдобро рангирана второпласирана репрезентација во квалификациите, Македонија обезбедила директен пласман на Европското првенство. Во квалификациите, најдобар стрелец бил Бојан Трајковски, со 68 бода (просек од 11,3 бода), а Ричард Хендрикс бил најдобар скокач, со 64 скока (10,7 по натпревар).„Џикиќ: Можеме и мораме подобро“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 20-21.„Македонија и Белгија ќе се најдат на Евробаскетот“, Дневник, година XVIII, број 5548, петок, 22 август 2014, стр. 20-23.„Селекторот Александар Џикиќ нема да го менува тимот што победува“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22-23.„Хендрикс најдобар скокач, Македонија со најмногу тројки“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22.„Трајковски: Тие што не веруваа во нас, ги канам да нè гледаат на ЕП“, Дневник, година XVIII, број 5553, петок, 29 август 2014, стр. 22.Newtime Македонија ја победи Белорусија за три од три во квалификациите (пристапено на 7.9.2014)