thumb|right|Фендер стратокастер Фендер стратокастер, често нарекувана „Страт“, е модел на електрична гитара дизајнирана од Лео Фендер, Џорџ Фулертон и Фреди Таварес во 1954 година и произведувана од Fender Musical Instruments Corporation до денес. Тоа е двојно засечена гитара (double- cutaway guitar – гитара која овозможува полесен пристап до горните стапала) со продолжен преден дел, за рамнотежа при стоење. Многу познати гитаристи имаат користено стратокастер и може да се слушне на многу историски снимки. Заедно со Gibson Les Paul, Gibson SG и Fender Telecaster, таа е една од најпознатите и најиздржливи модели на гитари во светот.Дизајнот на стратокастерот го надминал музичкото поле за да се рангира во дизајните на класичната индустрија на сите времиња; многу примероци се изложени во поголемите музеи низ целиот свет.

Во оригиналната форма, стратокастерот го имало во две нијанси како орнамент на тврд труп со длабоки контури, врат од јаворово дрво со 21 стапало, со вметнати црни точки и штимери Клусон, се` до 1975 година, кога Фендер почнал да произведува трупови изработени од цврста јасика. Исто така, постоел сет од достапни бои кои не биле стандардизирани до 1960 година. Овие бои од автомобилски лакери правени од Дупонт и можеле да се добијат за доплата од 5%. Еден фурнир, штитник со 8 навртки, бил уникатен концепт кој овозможувал да се вградат сите електронски компоненти на гитарата на една површина која лесно може да се отстрани. Наредните дизајни на Стратокастер (и од Фендер и од други имитирачки компании) можеби се подобриле во корисност и звук но, старомодните модели на Фендер сѐ уште вредат многу пари и многумина го претпочитаат звукот на постарите модели.

Направени се многу копии на Стратокастер; поради тоа, поимот Strat, иако бил користен како заштитен знак на “Fender Musical Instrument Corporation”, често се користи и за именување на која било гитара која ги има истите општи одлики како и оригиналот, без оглед на производителот.

Дизајн и популарни промени

Радикално мазните контури и форма на трупот на Стратокастерот (официјално наречен, од страна на Фендер Comfort Contour Body) била позната разлика помеѓу Стратокастерот и рамниот дизајн во вид на плоча на Телекастерот. Трупот содржи уникатна заобленост на горниот заден дел и помала заобленост во долниот преден дел каде што се одмара раката на гитаристот. Вратот од јаворово дрво којшто оформува уникатна форма на главата во вид на нога од куче (“dogleg” style), претставува уште една разлика со Телекастерот којшто има глава со многу тесна форма. Жиците се фиксирани низ кобилица која е со федери прикачена на „шепата“ во празнината за кобилицата во задниот дел од гитарата. Оригиналните стратокастери биле произведувани со пет жици кои поминувале низ кобилицата и биле поставени рамно, паралелно со трупот. Гитаристите можеле да ја тргнат задната плочка од кобилицата, да отстранат два федера и да ги затегнат винтовите на рачката за да и овозможат на кобилицата да „лебди“, со влечење на жиците во една насока со што федерите се движеле во друга насока. Кога кобилицата се наоѓа во ваква позиција, гитаристите може да ја движат горе и долу тремоло рачката, поставена на кобилицата, со цел да го зголемат или намалат степенот на нотите што се свират во моментот. Голем број гитаристи, како Ерик Клептон кои не ја сакаат расштиманата нестабилност на Стратокастерите со лебдечка кобилица, најчесто ја блокираат тремоло кобилицата, со ставање на мало парче дрво во “Intertia block” (празнината кон долниот дел од трупот на гитарата) и создаваат прекумерна тензија врз жиците влечејќи ги во спротивна насока, за кобилицата да си стои во место.Некои Стратокастери, на местото на за тремоло рачка имаат поставено поправена кобилица на тоа место; овие стратокастери се колоквијално наречени „цврсто-опашни“ (hard-tails). Стратокастерот е составен од три посебно завиткани магнети, со излез за оригинално избрана скретница со 3 позиции. Подоцна, гитаристите откриле дека со туркање на скретницата помеѓу 1та и 2та позиција, и кобилицата и средните магнети може да се изберат и слично на ова, средните и вратните магнети може да се изберат помеѓу 2та и 3та позиција. Овој трик станал широко распространет, а Фендер создал магнетен избирач со 5 позиции (стандардна одлика до 1977 година) кој ги дозволувал тонските комбинации и овозможил подобра стабилност при промена на позиција; тонот „квак“(слично на патка) на средните и магнетите на кобилицата, популаризиран од страна на гитаристи како Дејвид Гилмор, Рори Галагер, Марк Нопфлер, Боб Дилан, Ерик Клептон и Роберт Греј, се добива со користење на магнетниот избирач во 2 и 4 позиција. Вратните и средни магнети, сите се споени со жица за штимерите, додека пак, магнетот на кобилицата кој е накривен кон повисоките жици за трикратен звук, нема тонска контрола за максимална чистота. Како што според конфигурацијата, комбинирањето на вратните и средните магнети испраќа сигнал низ два тонски потенциометри, со што се губи тонот, најчеста модификација е да се поврзе втора тонска контрола на кобилицата. На многу модерни Стратокастери, првиот тон влијае врз вратниот магнет; вториот тон влијае врз средниот и магнетот на кобилицата; на некои уметнички серии на модели (со авторско право на Ерик Клептон и Бади Гај), првиот тон е моментално кружење што ги смалува (или појачува) тонските и бас честотите, со влијание врз сите магнети; вториот тон, е активен среден засилувач кој ги засилува средните честоти до 25 dB (на некои модели 12 dB)за да создаде јак пригушувачки ефект. Гласот на сите три магнети е контролиран само од едно копче за волумен. Местоположбата на копчињата дозволува лесна манипулација на звукот со десната рака за време на свирење.

Сите три магнети се еднакви. Поради зголемениот број на популацијата што користела комбинација на магнети, Фендер внел нова особина во 1977 година која одговарала со стандардните 5 позиции; среден магнет со спротивна страна и спротивна поларност. Како што е наведено во описот, магнетната поларност на магнетот е спротивна со онаа на другите два магнети, како и насоката на жицата навиткана околу калемот. Ова предизвикува ефект на прекин на брмчењето (отстранувањето на брмчењето предизвикано од слабо заштитените, средни до најјаки надворешни направи за забрзување) во позициите 2 и 4 на избирачот на позиција. Овој принцип е познат од многу порано, била поставена во форма на магнет кој го намалува зуењето на “Gibson” и split-coil магнетот (магнет кој го намалува зуењето во Ј форма и има два калема подредени во линија, наместо еден долг калем) кој бил искористен за ”Precision Bass (“P Bass” – бас гитара изработена од Лео Фендер). Денес, во суштина, сите инструменти на Фендер, кои имаат повеќе од еден “split-coil” магнет (меѓу нив најпознати се Стратокастер, Телекастер и Џез Басот) се поврзани со жица на таков начин кој овозможува комбинација на магнети кои го прекинуваат зуењето.Едно време, Фендер почнал да произведува гитари со магнети на кобилицата, наместени во најдалечниот дел од највисокиот опсег на вибрирачките жици, малку „презатегнати“, со цел да се зголеми сигналниот резултат од тој магнет. Дури и повеќе пренавиените магнети (дизајните hot-wired) станале популарни, било поради сите три магнети (“hot” конфигурација), или само поради позицијата на кобилицата (т.н. "Texas Hot" поради неговата популарност помеѓу јужните рок гитаристи).

Стратокастерот е познат по неговите светли, чисти и „ѕвонечки“ звуци. Магнетот на вратот има поблаг, полн и погласен звук во споредба со остриот и жив тон на магнетот на кобилицата. Средниот магнет произведува некој звук помеѓу овие два. Бади Холи бил еден од пионерите на Стратокастер и всушност го користел инструментот во сите негови песни со The Crickets. За време на снимањето на Peggy Sue, ритам гитаристот Ники Саливан, не бил потребен за песната и наместо да свири стоел до Холи и го вртел избирачкото копче на гитарата на Холи, од магнетот на вратот, на магнетот на кобилицата за време на солото. Од 1959 до 1967 година, Стратокастерот стандардно се правел со гриф од палисандрово дрво, а исто така и со голем избор на бои, вклучувајќи голем избор на боја за коли кои одговарале и за почетниците сурфери и “hot-rod” (американски коли со големи машини, изменети за линеарна брзина) културата, откриени од бендови како Surfaris, Ventures и Beach Boys. Дик Дејл е познат Стратокастер гитарист кој исто така, соработувал со Лео Фендер во создавањето на Fender Showman засилувачот. На почетокот на 1960те, инструментот го користел и Хенк Марвин – гитарист на Shadows, бенд кој бил оригинален следечки бенд на Клиф Ричард, а потоа создавал свои сопствени инструментлки. Звукот на Хенк Марвин бил многу различен од оној на другите музичари – вклучувајќи ги и Beatles – тие на почетокот намерно го избегнувале Стратокастер и користеле други марки. Меѓутоа, во 1965 година, Џорџ Харисон и Џон Ленон од “Beatles” набавиле Стратокастери и ги користеле за песните Help! и Rubber Soul и за многу други снимања.

Едноделниот врат од јаворово дрво престанал да се изработува во 1959 година. Од 1959 година до летото во 1962 година, грифот на гитарата бил од палисандрово дрво, израмнет на внатрешната страна и залепен за јаворот. Ова станало познато како „плочест гриф“. Плочестиот гриф приближно 4,765 мм на најдебелата точка, во центарот на вратот на гитарата, под жиците 3 и 4. Од средината на 1962 до 1979 година, палисандровото и јаворовото дрво биле пред центарот и грифот станал познат како крив, заоблен ламиниран или „фурниран“...имал иста дебелина на вратот за разлика од претходниот плочест тип на врат. Дизајнот бил променет бидејќи Фендер имал проблеми со виткањето на некои вратови од плочестиот тип. Јаворовите грифофи се правеле само по специјални нарачки. Наредната година бил променет дизајнот на штитникот на 3-слоен (4-слоен кај некои бои) „повеќе-слоен“ со 11 дупки за навртки. По купувањето на Фендер во 1965 година, CBS почнале да нудат и јаворов врат со посебно залепен ламиниран гриф во 1967 година (познат како врат со „јаворова покривка“ – “maple cap”) и палисандров гриф на јаворов врат како друга опција. Две години подоцна, компаниите Фендер коиги поседувале CBS повторно го пуштиле во продажба едноделниот јаворов врат, по 10 годишно отсуство. Основната причина за користење на палисандрово дрво во 1959 година, била тоа што “Gibson” гитарите имале грифови од палисандрово дрво и муштериите го сакале ова, а исто така, јаворовите грифови многу брзо ја губеле бојата поради стариот нитроцелулозен лак, кој не бил долготраен и многу брзо се уништувал на грифовите. Со појавата на Fender Stratocaster Ultra сериите во 1989 година, како материјал за грифовите на некои модели, официјално било избрано абоносовото дрво ( иако неколку серии на Elite Stratocasters произведени во 1983/84 година, како “Gold” и “Walnut”,биле достапни со обоени абоносови грифови). Во декември 1965 година, на Стратокастерот му била вградена појасна глава со изменети транспарентни налепници за да се совпаѓаат со големината на Jazzmaster и Jaguar.

CBS го купува Фендер и модификации на гитаристите