Грамофонска плоча — вид носач на звук, многу популарен во 80-тите години на XX век. Позната е и како LP и винил. Плочата е округла и од поливинилска маса. Во неа, спирално кон центарот се врежани траки на кои различна назабеност значи различен звук.

LP-плочите имаат пречник од 12 инчи, се вртат со 33 1/3 вртежи во минута и содржат околу 15-ина песни. Постојат и други, специјални плочи за синглови, 8-инчни во пречник, со брзина од 45 вртежи во минута и содржат обично една или две песни.

Грамофонската плоча како тема во популарната култура „Верба“ — кус расказ на македонскиот писател Гето Руди од 2017 година.Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 72. „Б-страната повторно победува“ (англиски: B Side Wins Again) - песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1990 година.DISCOGS, Public Enemy ‎– Fear Of A Black Planet (пристапено на 25.8.2019) „Војна на 33 1/3“ (англиски: War At 33 1/3) - песна на Паблик енеми од 1990 година.

Наводи

Категорија:Носачи на звук Категорија:Снимена музика Категорија:Музички албуми Категорија:Синглови