1228 () — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1228 година од новата ера, 228. од вториот милениум, 28. од XIII век и деветта од 1220-тите.

Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6736 и 6737 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5978 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4988 и 4989 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1981.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1228 година се протега во 3864 и 3865, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3924 и 3925 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1771. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 625 и 626 исламска година.

Настани По област Африка Абу Закарија ја основа Хафсидската династија во Ифрикија (денес Тунис).

Азија

Сукафа, првиот цар на Ахом, го воспоставува своето владеење во Асам. Кралевите на Ахом владеат близу 600 години.

Европа 25 април - Конрад IV станува титуларен ерусалимски крал, со Фридрих II како регент. 28 јуни - Крстоносците се собираат во Бриндизи на чело со царот Фридрих II, за започнување на Нова крстоносна војна. Болдвин II Цариградски станува цар на Латинското Царство, заедно со Јован Бриен како регент. Трансилванискиот град Регин се споменува за првпат во Повелбата на Андреј II Унгарски. Шпанија: Кралот Јаков I започнува голема офанзива против муслиманите во Мајорка. Истата година, Мурсија, соочена со зголемување на христијанскиот притисок, Ибн Худ ел-Јамади ги осудува Алмохадите и ги признава Абасидите како легитимни калифи, кои всушност прогласуваат независност. Други познати христијански успеси: Алфонсо IX Леонски ја освојува Мерида. 16 јули - Свети Францисо Асиски е канонизиран од папа Григориј IX. Прв доказ дека Темпларите му дале паричен заем на Хенри III. Населението на Болоња на чело со Џузепе Тоскиски, започнале востание против аристократијата и наметнале демократски реформи. Дален (Саксонија) добива градски права.

Родени 200px|right|thumb|Статуа на Тран Хунг Дао во Нам Динх, Виетнам 25 април - Конрад IV (п. 1254) Шихаб ел-Дин ел-Карафи, египетски исламски правен научник Санча Прованска, кралица на Римјаните (р. 1261) Тран Хунг Дао, виетнамски воен Голем Генерал на Танг Лонг за време на династијата Тран.

Починале јануари - Роберт I Куртене, цар на Латинското Царство 25 април - Готфрид I Вилерден, кнез на Ахајско Кнежевство 9 јули - Стивен Лангтон, Архиепископ на Кентербери 24 септември - Стефан Првовенчани, крал на Србија Кралица Изабела II Ерусалимска (р. 1212) Хајнрих Австриски, син на Леополд VI, војвода на Австрија.

Наводи

Надворешни врски

21228