Под изразот Неидентификуван (неутврден) летечки објект или НЛО, се подразбира каков било летечки објект во погорниот дел од Земјината атмосфера кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази што би го поддржале ова објаснување."The Cosmos: Astronomy in the New Millennium", Pasachoff, Jay M and Alex Filippenko, Brooks/Cole div. of Thomson Learning Inc., 2004, ISBN 053439550, 428-430 pages

Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни случувања и првите официјални истраги започнуваат за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери (термин користен од пилотите на Сојузниците во Втората светска војна за опишување на воздушни феномени видени на небото над европскиот и тихоокеанскиот фронт) во 1946 година и широкопознатите видувања на европските „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сè поголем број по првата објавена статија во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947 година, тврди дека видел НЛО. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.

Историја thumb|right|На 14 април 1561 година небото над Нирнберг, Германија било исполнето со објекти. Дрворез на Ханс Глер од 1566 за настанот. Невообичаени воздушни набљудувања биле пријавувани во текот на историјата. Некои од овие феномени по природа несомнено биле комети, светли метеори, некоја од петте планети кои можат да се видат со голо око, или пак оптичка измама. Пример е Халеевата Комета, која за првпат била регистрирана од страна на кинески астрономи во 240 година п.н.е. Некои други стари извештаи не можат да се објаснат, но претставува тешкотија да се оценат овие документи, бидејќи можно е да се неточни, недоволно објаснети или пак, пристрасни. Пример претставува Стариот завет на Библијата во кој Езекил имал средба со нешто што денес би се опишало како НЛО, но тоа Библијата го опишува како средба со огнен Бог.

Која и да била нивната вистинска природа, вакви појави низ историјата биле сметани за разни натприродни појави, демони, ангели или други религиозни знаци. Уметничкиот историчар Даниела Џордано посочува на многу средновековни слики и објекти на кои има некакви невообичаени објекти во воздухот; таа признава дека многу од овие слики се тешки за интерпретација, но вели дека некои од објектите се зачудувачки слични со описи на видувања на НЛО од понови времиња.Даниела Џордано, „Постојат ли НЛО во историјата на уметноста?“ од American Chronicle, 2006-11-13; посетено на 27 јули 2007 (Видете: Список на НЛО видувања)

Шен Куо (1031-1095), од кинеската династија Сунг, напишал живописен пасус во својата книга Есеи од базенот на штата (1088) за неидентификуван летечки објект. Тој ги запишал исказите на очевидци од 11 век кои тврдат дека виделе летечки објект (во форма на бисер), со врати кои се отвораат за да пуштат светлина од внатрешноста, кој бил огромен во големина и можел да се движи со неверојатна брзина.Dong, Paul. (2000). China's Major Mysteries: Paranormal Phenomena and the Unexplained in the People's Republic. San Francisco: China Books and Periodicals, Inc. ISBN 0-8351-2676-5. Pages 69–71. Предмодерни видувања thumb|right|180px|Фотографија на неидентификуван објект над Њу Хемпшир од 1870-те, познат како мистериозниот брод. Пред да станат популарни термините „летечка чинија“ и „НЛО“ во 1940-те, имало извештаи за неидентификувани појави во воздухот на Запад. Овие извештаи датираат од средината на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Меѓу нив се:

На 25 јануари 1878, весникот Денисон Дејли Њуз објавил статија за локалниот фармер Џон Мартин, кој изјавил дека видел голем, темен и топчест објект што личел на летечки балон и летал „со неверојатна брзина“. На 17 ноември 1882, астрономот Едвард Валтер Мандер забележал НЛО од кралската опсерваторија во Гринич, како и други европски астрономи. Тој вели дека објектот бил во форма на диск и личел на Цепелин. На 28 февруари 1904, поручникот Френк Скофилд објавил дека три членови на USS Supply забележале три светли јајцевидни објекти како летаат во ешелон формација, на 300 милји западно од Сан Франциско. 1916 и 1926: трите најдобро познати стари НЛО видувања од страна на пилоти од вкупно 1305 запишани од НАСКАР. На 31 јануари 1916, британски пилот забележал ред светла кои се издигнале и исчезнале во близина на Рокфорд. Во јануари 1926 година, пилот пријавил шест летечки објекти меѓу Канзас и Колорадо. Кон крајот на септември 1926 година, пилот изјавил дека бил принуден да се спушти над Невада поради огромен цилиндричен објект без крила. На 5 август 1926, патувајќи над планините Хамболд во тибетскиот регион Коконур, Николас Роурих изјавил дека членовите од неговата експедиција виделе „нешто големо и светло како сонце, голем овален предмет кој се движел со голема брзина“. За време на Втората светска војна, т.н. „фу-фајтери“ (светлосни топки) биле пријавувани од пилоти.

250п|лево|мини|Извештајот на Кенет Арнолд

Видувањето на Кенет Арнолд Повоената НЛО фаза во САД започнува со пријавата на американскиот стопанственик Кенет Арнолд, на 24 јуни 1947 година. Тој, додека летал со својот приватен авион во близина на Маунт Рејнер, Вашингтон, видел девет брилијантно светли објекти кои летале кон Маунт Адамс. Тој вели дека летале со брзина од отприлика 1200 милји на час.

Неговото известување не добило многу големо внимание од страна на медиумите и јавноста. Арнолд подоцна објаснува дека тоа што го видел било рамно, а летало како чинија кога би ја фрлиле на површина од вода. Исто така, вели дека биле како полумесечини, овални однапред, а испакнати одзади. Овие негови описи подоцна ќе бидат репортирани и ќе почне употребата на термините летечка чинија и летечки диск.William Yenne, "Flying Saucers," Secret Weapons of World War II: The Techno-Military Breakthroughs That Changed History (New York: Berkley Books, 2003), 272–274. По пријавата на Арнолд, во наредните неколку недели биле пријавени стотици случаи од очевидци, најмногу од САД, но и од други земји.

Откако изјавата на Арнолд се нашла во медиумите, голем број други случаи се репортирани. Во еден случај, Јунајтед Еарлајнс забележала девет дисковидни објекти над Ајдахо вечерта на 4 јули. Во тоа време, овој случај бил пообјавуван дури и од случајот на Арнолд, што на неговиот случај му дава поголема веродостојност.

Американскиот НЛО истражувач Тед Блечер, во своето истражување на статии од весници од тоа време, забележал дека во наредните денови после 4 јули, весниците биле преполни со приказни за новите „летечки чинии“ или „летечки дискови“ на своите предни страници. По 8 јули имало помалку пријави, откако официјални лица вршеле прес-конференции за познатиот случај во Розвел, за кој тие објасниле дека се работи за метеоролошки балон.

Во наредните години, во 1960-те, Блечер открил 853 искази на очевидци на летечки дискови од весници во Канада, Вашингтон и од сите останати држави во Америка освен Монтана.

Науката и НЛО Уфологија (од англискиот UFO - Unidentified Flying Object) е наука за НЛО извештаи и докази во врска со нив.

Иако повеќето академици ја игнорираат оваа тема, други, вклучувајќи аматери и по некои професионални научни истражувачи, продолжуваат со истражувања. За жал, квалитетот на истражувањата варира кај повеќето аматерски истражувачи.

Честопати, погрешно се претпоставува дека единственото прашање кое се поставува за НЛО е тоа дали тие претставуваат вонземјанска интелигенција. Оставајќи го на страна прашањето за физичкото постоење на НЛО, постојат и студии за НЛО – има НЛО поткултури од фолклорни или антрополошки перспективи, а некои мислат дека оваа тема може да пружи нови сознанија во полето на психологијата, социологијата и комуникацијата.

Од доцните 1940-ти, луѓето ширум светот се запознале со НЛО феноменот и со извештаите кои кружат за НЛО. Тие биле именувани како планети, ѕвезди, метеори, облаци, молњи, експериментални воени летала, халуцинации и вонземјански вселенски бродови. И покрај големиот број извештаи на очевидци и големата заинтересираност на народот, научната заедница покажала мал интерес за овој феномен. Ова се случува поради фактот дека не постојат владини фондови за поддршка на истражувањата за НЛО. Многу научници претпоставувале дека Кондовиот извештај од 1969 година ставил точка на таа тема, па на НЛО испитувањата не им било обраќано големо внимание. Исто така, јавното исмејување преку јавните медиуми од страна на Робертсоновиот панел на ЦИА во 1953 година, ја претвори оваа тема во научна и политичка табу тема. Сето ова резултирало со потиснување на интересирањето за НЛО истражувања.

Истражувањата се разликуваат по обем и по научна рамнодушност од земја до земја. Познато е дека владите или воените агенции на САД, Канада, Велика Британија, Франција, Белгија, Шведска, Бразил, Мексико, Шпанија и Советскиот Сојуз спроведувале истражувања на НЛО извештаи. И покрај некои чудни случаи, ниедна национална влада јавно не изјавила дека претпоставува дека НЛО во каков било облик претставува вонземјанска интелигенција. Веројатно најпозната студија е проектот Сина книга, спроведувана од американското воздухопловство од 1952 година.

Покрај необјаснетите случаи, општото мислење на научната заедница е дека сите НЛО појави се резултат на погрешно толкување на природни или човечки предизвикани феномени, намерни грабнувања или физиолошки феномени, како што се оптичките илузии, сонување во будна состојба / парализа на сонот (често се објаснуваат како грабнувања од вонземјани). Според статистиката од студијата на американското воздухопловство, повеќето од случаите на НЛО видувања можат да се објаснат како погрешна идентификација, додека грабнувањата се мал процент од пријавените случаи. Сепак, многу академици сè уште сметаат дека истражувањето би било губење време, бидејќи нема веродостојни сведочења.

Само мал број академици вистински ја истражувале оваа тема или се запознале со литературата за неа. Резултатите на Штуровото испитување покажуваат дека отсуството од студии на оваа тема го зголемува скептицизмот, кој кај многумина влијае при одлучувањето дали да се истражува или не. Поединци во научната заедница мислат дека веќе има доволно докази да се започнат посериозни истражувања, правејќи паралела со историјата на истражувањето на метеоритите или атмосферските електрични феномени, како што се топчестите молњи, кога постоеле само сведочења од очевидци. Во ваквите примери, тврдењата на очевидците за овие феномени излегле точни и покрај почетниот скептицизам, одбивања и непријателски став на многу научници. Други, пак, истакнуваат дека е погрешно да се тврди дека доказите за НЛО се само видувањата, туку дека веќе постои значителен број забележани физички ефекти кои треба да подлегнат на истражувања од страна на физичките науки, во што се вклучуваат радарски детекции, фотографии, видео снимки, зголемено зрачење, електромагнетни пречки и физиолошки и биолошки ефекти.

Меѓу заговорниците за НЛО најзастапена е хипотезата за вонземјани, но некои наведуваат и хипотези како што се меѓудимензионална хипотеза и паранормална и окултна хипотеза.

Причини кои често се наведуваат како причина за презир на оваа тема од страна на многумина научници се следниве:

Аргументи дека вонземјаните не би можеле да бидат овде поради големото растојание и енергија потребна за меѓуѕвездено патување според сегашните физички закони. Недостаток од материјални докази. Неверодостојност или научна неадекватност на многу извештаи. Многу околности кои би можеле да доведат до погрешно толкување на објекти на небото видени од голема оддалеченост. Општиот сензационализам кој ја следи оваа тема, вклучувајќи го сфаќањето дека многу аматерски истражувачи не се доволно научно обучени, туку имаат склоност кон верување.