Епирско Царство ()пирское царство // Советская историческая энциклопедия : в 16 т. / под ред. Е. М. Жукова. — М. : Советская энциклопедия, 1961—1976., Епирска ДржаваЭпирское государство // Большой энциклопедический словарь / Гл. ред. А. М. Прохоров. — 1-е изд. — М. : Большая российская энциклопедия, 1991. — ISBN 5-85270-160-2. или Епирско ДеспотствоЭпирский деспотат // Элоквенция — Яя. — М. : Советская энциклопедия, 1957. — С. 128. — (Большая советская энциклопедия : [в 51 т.] / гл. ред. Б. А. Введенский ; 1949—1958, т. 49) () — историска држава, која била создадена во 1204 година на западните делови од Балканскиот Полуостров со престолнина Јанина, во времето кога Цариград бил преземан од страна на крстоносците, при кое било создадено Латинското Царство. Деспотството било основано од страна на една гранка од династијата Ангели, која тврдела дека е легитимен наследник на Византија. Останатиот дел од Византија бил разделен на: Трапезунтско Царство, Никејско Царство и Епирско Деспотство. Владетелите на Никејското Царство и Трапезунтското Царство исто така имале претензии за наследници на Византија, накратко прогласувајќи се во 1225 / 1227–1242, време кога земјата се нарекувала Солунско Кралство. Терминот „Епирско Деспотство“, како и „Византиско Царство“, е модерна историографска конвенција и не име во употреба во тоа време.
Деспотството се наоѓало во регионот на Епир, опфаќајќи ја и Албанија и западниот дел на Егејска Македонија, делови од Тесалија и западна Грција, јужно од Нафпактос. Преку политика на агресивна експанзија под Теодор Комнин Дука, Епирското Деспотство накратко владеело и со централна Македонија, со основањето на Солунското Кралство во 1224 година, и Тракија на исток како Димотика и Адријанолис и било на работ да го освои Цариград и да ја обнови Византија, но по големиот пораз во Битката кај Клокотница во 1230 година од страна на Второто Бугарско Царство, овие планови не успеале. После тоа, државата своето јадро го зацврстила во Епир и Тесалија и била принудена да биде вазалство кон другите регионални сили. Сепак, успеала да ја задржи својата автономија сè додека не била обновена династијата Палеолог во околу 1337 година. Во 1410-тите години, грофот на Кефалонија и Закинтос Карло I Токо успеал да го обедини јадрото на Епир, но неговите наследници постепено започнале да ја губат територијата во корист на Отоманското Царство. Ова деспотство се зачувало сè до средината на XIV век кога било вклучено во составот на Отоманското Царство, а Воница било последно упориште, кое паднало во 1479 година. Територија
Територијата на државата се менувала многу со текот на времето. Првично, територијата на владетелот на Епир се протегала од Драч на север до Коринтскиот Залив на југ, односно територијата на антички Епир, Акарнанија и Атолија. Од сите страни, државата била опкружена со латински и словенски држави:
на исток од страна на латинското Солунско кралство, на север од страна на српското кнежевство Рашка на североисток од Второто Бугарско Царство, на запад од Венеција.
По Битката кај Касторија, територијата на земјата била ограничена и тој самиот се признал како вазал на византискиот цар.
Главниот град на државата бил Арта, град кој заедно со Никеја и Трапезунд биле најважнните упоришта на византиската култура.
Деспотство или царство
Долго време во литературата за историјата на Византија се верувало дека првите владетели на Епир, Михаил I Комнин и неговиот брат Теодор, ги имале титулите деспот, што се сметало за основа за користење на терминот „деспотство“ во однос на државната формација на западниот дел на Балканскиот Полуостров. Во 1950-тите и 60-тите години на ова мислење најпрвин се спротивставил познатиот француски византинист Л. СтиернонStiernon L. Les origines du despotat ďEpire // REB. 1959. — T. 17. — P. 122−126., а подоцна и истакнатиот југословенски византист, Б. ФерјанчиќФерjанчић Б. Деспоти у Византији и јужнословенским земљама. — Београд, 1960. — С. 207. И двајцата истражувачи убедливо докажале дека во ниту еден од познатите историски извори овие владетели не го користеле терминот односно титулата „деспот“. Титулата на деспот го носеле владетелот на Солун, Јован Дука, и владетелот на Епир, Михаил II Дука (титулата им ја доделил никејскиот цар Јован III Дука Ватац. Дури и пред тоа, како цар на Солун, Мануел Комнин Дука му ја дал на Михаил II титулата деспот во 1231 годинаJohn Van Antwerp Fine «The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest», сепак ова не ги спречило да бидат наречени цареви, преземајќи ја оваа титула од владетелите на Никејското Царство.
Всушност, титулата „деспот“, како што докажал Б. Ферјанчиќ, не подразбира никакви функции на управување со регионот. Мислењето изразено од Л. Стиернон и Б. Ферјанчиќ подоцна го споделиле и други познати византисти.
Во историографијата на руски јазик (Историја на Византија. Том 3; Култура на Византија. Том 3) во однос на државата формирана на западниот дел на Балканскиот Полуостров, се носи името „Епирско кралство“. Во 1224 година Теодор Дука го освоил Солун, втор по големина град во Византија и бил крунисан за цар. Во врска со тоа, државата Епир за кратко време била условно наречена Солунско Царство.
Во историографијата на англиски јазик, истражувачите ги користат термините „Епирско Царство“ како M.М. ХасиHussey J. M. The Orthodox Church of the Byzantine Empire. — Oxford, 1986. — P. 323. или „Кнежевство ЕпирKarpozilos A. D. The ecclesiastical controversy between the kingdom of Nikaea and the principality of Epiros (1217−1233). — Thessaloniki, 1973.. Терминот „деспот“ бил користен во некои делаThe Cambridge History of the Byzantine Empire. — Cambridge UP, 2008. — P. 662, 732, 760, од многу современи истражувачи се смета за неточен (поради причините наведени погоре).
Име на династијата (1205-1318)
На чело на Епирското Деспотство се наоѓале претставници на династијата Дука: Михаил I Комнин Дука, основачот на државата, бил нелегитимен син на севастократорот Јован Дука, брат на Алексеј III. Властите на Епир го користеле патронимот Дука, а поретко и патронимот Комнин, во службени документи и писма на благодарност. Овие патроними биле прикажани на монети. Партонимот на Ангелите се користел единствено во делото на Георгиј Акрополит, историчар од НикејаNicol D. M. To the prosopography of the late Byzantium // The Byzantine aristocracy IX to XIII centuries / Ed. M. Angold. — Oxford, 1984. — P. 81−82.. Овој избор се должи на желбата на авторот да покаже дека епирските владетели припаѓаат на семејството Ангели, кои неодамна ја добиле титулата цар, додека патронимот Дука, која ја носеле царевите во 11 век, припаѓа само на никејскиот цар. Во современата историографија, вообичаено е да се назначи династијата што владеела со западниот дел на Балканскиот Полуостров како Дука. Историја Основање
Основач на Епирското Деспотство бил Михаил I Комнин Дука, нелегитимен син на севастократорот Јован Дука, брат на Алексеј III. Михаил направил кариера за себе по падот на Исак II во 1195 година и станаl гувернер на Мала Азија. Во времето на Алексеј III, тој не паднал во немилост и се наоѓал во Цариград кога учесниците на Четвртата крстоносна војна, крстоносците и Венецијанците, пристигнале во градот во летото 1203 година.
По освојувањето на Цариград во април 1204 година, крстоносците и Венецијанците започнале да ја разделуваат Византија. Според договорот склучен дури и пред заземањето на Цариград во март 1204 година меѓу дуждот на Венецијанската Република Енрико Дандоло, грофот Болдвин I на Фландрија, Маркизот Бонифациј I Монфератски и други водачи на крстоносците, било утврдено =дека ќе се формира феудална држава од територијата на Византија, на чие чело ќе биде поставен цар, кој ќе добие дел од Цариград и една четвртина од сите земји на царството, а преостанатите три четвртини ќе бидат поделени на половина меѓу Венецијанците и крстоносците; Света Софија и изборот на патријархот ќе биде оставено на свештенството на групата од која нема да биде избран царот.
За време на поделбата, Венецијанците го зеле за себе брегот на Епир, вклучувајќи ги и Јонските Острови.
Михаил се придружил на Бонифациј I Монфератски и го испратил да ги освои овие земји. Во Тесалија се случила кавга помеѓу Михаил и Бонифациј, а Михаил отидел во Арта, која била под контрола на византискиот гувернер. Дука сакал да го поддржи во спротивставувањето против латинците.
thumb|Тврдина Петрела
Пристигнувајќи во градот, тој дознал за смртта на гувернерот и започнал бунт против неговите претставници. Со брак со ќерката (или вдовицата) на неговиот претходник, кој потекнува од аристократското семејство Мелисин, Михаил ги присвоил териториите во регионот. Тој ги оставил државните службеници на своите работни места и не им ги одзел правата на благородништвото и црквата, поради што тие ја прифатиле неговата моќ без отпор. Во исто време, тој станал владетел на една од најбогатите провинции на Византија, која останала недопрена од крстоносците. Во пролетта 1205 година, Михаил I Дука дури се обидел да го поврати Пелопонез од крстоносците, но обидот не бил успешенСергеј Сказкин «Историја на Византија».
Наскоро бегалците од Цариград, Тесалија и Пелопонез заминале кон Епир, со што се зголемил бројот на неговите поданици и се подобрила финансиската состојба на деспотството. Михаил започнал да се гледа како современ Ное, собирајќи луѓе од „латинската поплава“ (инвазијата на латините). Покрај тоа, српското кнежевство Рашка и албанското кнежевство Арберија прифатиле вазална зависност од Епир.
Во 1205 година, Венецијанците се обиделе да ги окупираат областите што во тоа време ги контролирал Михаил, кои им биле дадени под договор со крстоносците, во кои биле вклучени сите византиски поседи западно од планините Пинд и тврдината Петрела
За да се обезбеди безбедноста на неговата доминација на меѓународно ниво, Михаил I презел ризични дипломатски маневри. Тој ја признал превласта на папата и ветил обединување на Епирската црква со Рим, бидејќи се надевал на папска заштита од венецијанските напади.
Вториот цар на новоформираното Латинско Царство, Хенрик Фландриски, побарал Михаил да му се покори, дозволувајќи му на неговата ќерка да се омажи за братот на Хенрик, Евстасиј во 1209 година. Како и да е, Дука не се придржувал кон овој сојуз, посочувајќи дека планинскиот Епир ќе биде недостапен за неговите непријатели. Како резултат на тоа, Хенрик успеал да го присили на Михаил да го обнови сојузот во 1210 година.
Сепак, погледот на владетелот во Епир се свртел кон стратешки важните градови под власта на Латинците. Михаил ги освоил градовите Лариса и Драч, како и пристаништата во Коринтскиот Залив. Во 1214 година го освоил островот Крф, кој и припаѓал на Венеција, но во 1215 година бил смртно прободен со нож во свој кревет од еден од своите слуги. Михаил бил наследен од страна на неговиот брат - Теодор.
Солунско Царство
Теодор Дука имал намера веднаш да го нападне Солунското Кралство и да се бори против Латинското Царство на патот кон градот. Дури и под Михаил I, постоела можност да биде освоена западна Тесалија, отсекувајќи го кралството од остатокот на Грција. Теодор ја продолжи агресивната политика на неговиот претходник. Тој направил сојуз со српското кнежевство Рашка, Бугарија и албанските кланови и започнал воени операции против Латинското Царство. Така, до 1216 година, тој успеал да го освои поголемиот дел од Македонија (вклучително и градот Охрид) и Тесалија, кои останале под контрола на Солун.
Во меѓувреме, починал латинскиот цар Хенрик, а бароните го избрале неговиот зет Петар II Куртене, кој бил во брак со Јоланда, сестра на латинските цареви Балдуин и Хенрик, за цар. thumb|300 px|Епир од 1205 до 1230 година