Хортон (англиски: Horton Hears a Who) е анимиран, комедија – филм од 2008 год. Филмот е заснован според истоимената книга од 1954 година. Главните улоги т.е гласовите во филмот ги позајмуваат Џим Кери и Стив Карел. Филмот во првата недела во прикажувањето беше најгледан во американскиот boxoffice и имаше доста позитивни критики.

Синопсис Еден ден, слонот Хортон слуша повик за помош кој доаѓа од цветен прав. И, иако не може никој да види на тоа цвеќе, тој одлучува да им помогни. Се дознава дека цветниот прав е дом на народот Ху, кои живеат во својот град Хувил. Хортон се одлучува за помош да ги штити малите жители и нивниот дом, но тоа му носи само проблеми со неговите соседи кои одбиваат да поверуваат дека нешто би можело да живее во тој цветен прав. Но, Хортон не одбива да му помогне бидејќи секој човек е сепак човек, без разлика колку би бил мал.

Глумци ЛиковиЏим Кери Слонот ХортонСет Роген Глушецот МортонСтив Карел Нед МекДодКарол Бурнет Сур КангаруЏош Флитер РудиЏеси МекКартни Јојо МекДодЕјми Поелер Сели О’Мејли МекДод

Категорија:Филмови од 2008 година