Фудбалски Клуб Барселона (, често познат како Барса или Барселона) — професионален фудбалски клуб, со седиште во Барселона, Шпанија. Се натпреварува во Ла Лига, и е еден од трите клуба кои никогаш немаат испаднато од првата шпанска лига.

Формиран во 1899 година од страна на швајцарски, шпански и каталонски играчи предводени од страна на Жоан Гампер, клубот станал симбол на каталонската култура и каталонците, под мотото „Més que un club“ (). Официјалната химна на Барса е „Cant del Barça“ чии автори се Жуам Пикас и Жозеп Марија Еспинас. За разлика од многу други фудбалски клубови, навивачите ја поседуваат и раководат со Барселона. Барселона е вториот најбогат фудбалски клуб во светот во поглед на приход, со годишен обрт од 484 милилони евра. Клубот има долго соперништво со ФК Реал Мадрид, натпреварите помеѓу овие два тима се познати како Ел Класико.

Во домашните првенства ФК Барселона освоила рекордни дваесет и пет Шпански купови, девет Шпански Супер Купови и два Лига Купови. Исто така е еден од најуспешните клубови во европскиот фудбал, со освоени десет УЕФА натпреварувања. Барселона е единствениот европски клуб кој игра континентален фудбал секоја сезона од 1955 година. Во 2009 година Барселона стана првиот шпански клуб кој ги има освоено Ла Лига, Кралскиот Куп и Лигата на шампионите во една сезона. Истата година стана и првиот фудбалски клуб во светот кој има освоено шест од шест трофеи во една година, вклучувајќи ги и Шпанскиот Супер Куп, УЕФА Супер Купот и ФИФА светскиот клупски Куп.

Историја Раѓање на ФК Барселона (1899-1922) На 22 октомври 1899 година, Жоан Гампер ставил оглас во Лос Депортес изјавувајќи ја неговата желба за формирање на фудбалски клуб; состанокот во Gimnasio Solé на 29 ноември резултирал со позитивен одговор. Единаесет играчи присуствувале – Валтер Вилд (првиот директор на клубот), Луис Досо, Бартоломеу Терадас, Ото Кунѕл, Ото Маер, Енриг Дугал, Пер Кабо, Карлес Пужол, Жозеп Лобе, Џон Парсон, и Вилјам Парсон- и Фут-Бол Клуб Барселона (Foot-Ball Club Barcelona) беше роден.ФК Барселона имал успешен старт во регионалните и државните купови, натпреварувајќи се во Каталонското првенство и Кралскиот Куп. Во 1902 година клубот го освоил својот прв трофеј Копа Макаја и учестувал во првиот Кралски Куп губејќи со 1:2 од Бизгаја во финалето. Кампер станал претседател на клубот во 1908 година, клубот бил во финансиска криза откако не освоил ниту еден трофеј од Првенството на Каталонија во 1905 година. Претседателот на клубот на пет посебни прилики помеѓу 1908 и 1925 година, поминал вкупно 25 години на чело со клубот.Едно од неговите најголеми достигнувања е обезбедувањето на сопствен стадион на Барселона а со тоа и стабилен приход.

На 14 март 1909 година, тимот се пресели на Камп де ла Индустриа, поголем стадион со капацитет за седење од 8000 луѓе. Од 1910 до 1914 година Барселона учествувала во Пиринејскиот Куп во кој учествувале најдобрите екипи од Ландужок, Миди, Аквитаин ( Јужна Франција) Баскиската држава и Каталонија. Во тоа време натпреварувањето се сметало за едно од најдобрито натпреварување отворено за учество. Во текот на истиот период, клубот го сменил својот службен јазик од кастиљски на каталонски и постепено се развивал во значаен симбол на каталонскиот идендитет.За многу навивачи поддршката за клубот имала помало влијание отколку самата игра а повеќе да бидеш дел од идентитетот на клубот. Кампер започнал кампања за регрутирање на нови членови на клубот, и до 1922 година клубот имал повеќе од 20 000 членови и бил способен да финансира за нов стадион. Клубот се преселил на новиот Лес Кортс кој бил инагуриран истата година. Лес Корт имал почетен капацитет од 22.000, којшто подоцна бил проширен на 60.000 седишта. Џек Кренвел бил регрутиран како првиот менаџер со полно работно време и така иднината на клубот почнала да се подобрува и на теренот. За време на Камперовата ера ФК Барселона освоил единаесет првенства на Каталонија, шест Кралски Купови, и четири Пиринејски Купови, првата златна ера.

Ривера, Република и Граѓанска војна (1923-1957) На 14 јули 1925 година, публиката на стадионот ја исмејувала државната химна во вид на спонтан протест против диктаторството на Мигел Примо Де Ривера. Како одмазда шест месеци теренеот бил затворен и Кампер бил принуден да се откаже од претседателството. Ова се совпаднало со преминот на клубот од аматерски во професионален; во 1926 година директорите на Барселона за првпат јавно објавиле дека Барселона е професионален клуб. Победата во Шпанскиот Куп во 1928 година била прославена со поемата со наслов „Ода а Платко“, напишана од поетот Рафаел Алберти, член на генерацијата од 1927 година, кој бил инспириран од херојскиот настап на голманот на Барселона. На 30 јули 1930 година, Кампер извршил самоубиство по период на депресија како последица на лични и финансиски проблеми.

Иако продолжил да има играчи од калибарот на Жозеп Есколија, клубот влегол во политички конфликт кој го засенил спортот во општеството. Иако тимот го освоил Првенството на Каталонија во 1930, 1931, 1932, 1934, 1936 и 1938 година, успесите на национално ниво (со исклучок на спорната титула во 1937 година) го одбегнувале. Еден месец по Шпанската Граѓанска Војна која започнала во 1936 година, неколку играчи од Барселона и Атлетик Билбао биле регрутирани во редовите на оние коишто се бореле против бунтот. На 6 август, Жозеп Суњол, претседателот на клубот и претставник на професионална независна партија, бил убиен од војниците на Фалангист во близина на Гуадарама. Наречено мачеништвото на Барселона убиството било клучен момент за историјата на ФК Барселона. Во летото 1937 година, составот заминал на турнеја во Мексико и САД, каде што бил примен како амбасадор на Втората Шпанска Република. Со таа турнеја клубот се обезбедил финансиски, но исто така резултирала со тоа што половина состав побарал азил во Мексико и Франција. На 16 март 1938 година, Барселона била авионски бомбардирана, што резултирало со 3 000 мртви; една од бомбите ги погодила канцелариите на клубот. неколку месеци подоцна Каталонија била окупирана. Како симбол на недисциплинирани каталонци, клубот, со само 3 486 членови, се соочил со бројни рестрикции. По граѓанската Војна , Каталонското знаме било забрането и на фудбалските клубови им било забрането да користат странски имиња. Овие мерки го принудиле тимот да го смени неговото име на Клуб де Фудбол Барселона (Club de Fútbol Barcelona) и да го отстрани каталонското знаме од клупскиот грб.

Во 1943 година, Барселона се соочила со лутиот соперник Реал Мадрид во полуфиналето на Копа дел Генералисимо. Нивниот прв натпревар на Ле Кортс завршил со победа од 3:0. Пред вториот натпревар, играчите на Барселона во соблекувлната имале посета од Франко директорор за државна безбедност. „Потсетувајќи“ ги дека тие играат само заради „рамнодушноста на режимот“. Реал Мадрид доминирал во натпреварот, победувајќи со 11:1. И покрај тешката политичка ситуација, Барселона уживала во успесите во текот на четириесеттите и педесеттите. Во 1945 година, со Жозеп Самитиер како менаџер и играчи како Цезар, Рамалет и Веласко, тие ја освоиле Ла Лига за првпат по 1929 година. На ова ги додале и титулите од 1948 и 1949 година. Исто така ја освоиле и својата прва Копа Латина титула истата година. Во јуни 1950 година, Барселона потпиша со Ладислао Кубала, кој требало да биде влијателна фигура во клубот.

На една дождлива недела во 1951 година, публиката пешки го напуштила Ле Прат по победата над Сантандер со 2:1, одбивајќи да си оди со трамваите изненадувајќи ги властите на Франко. Трамвајски удар се одржувал во Барселона, кој добил поддршка од навивачите на блауграната. Настани како овој го направиле клубот да не биде претставник само на каталонија; многу прогресивни Шпанци го гледале клубот како силен бранител на правата и слободите.

Менаџерите Фердинанд Даучик и Лазло Кубала го предводеа клубот до пет различни трофеи вклучувајќи ги Ла Лига, Копа Де Генералисимо( сега Кралскиот Куп), Копа Латина, Копа Ева Дуарте, и Копа Мартини Роси во 1952 година. Во 1953 година клубот ги освои Ла Лига и Копа дел Генералисимо повторно.

Клуб де Фудбол Барселона (Club de Fútbol Barcelona) (1957-1978) thumb|right|alt=Barcelona stadium seen from above. It is a large and asymmetrically shaped dome.|Стадионот на клубот,Камп Ноу, беше изграден со финансиска поддршка од навивачите на клубот во 1957 Со Хеленио Херера као менаџер, младинецот Луис Суарез, Европскиот Фудбалер на Годината во 1960, и двајца влијателни Унгарци препорачани од Кубала, Сандор Коцис и Золтан Зибор, екипата освои уште една државна двојна круна во 1959 година, Ла Лига и Купот на саемските градови во 1960 година. Во 1961 стана првиот клуб кој го победил Реал Мадрид во Европски Куп, но загубија со 3:2 од Бенфика во финалето.

Шеесеттите беа понеуспешни за клубот, со доминацијата на Реал Мадрид во Ла Лига. Израдбата на Камп Ноу заврши во 1957, што значеше дека клубот има малку пари за нови засилувања. Од друга страна, декадата ја забележа појавата на Жозеп Фусте и Карлес Рексач и освојувањето на Копа дел Генералисимо во 1963 година и Саемскиот Куп во 1966. Барса ја врати гордоста со победата над Реал Мадрид од 1:0 во финалето на Копа дел Генераисимо на Бернабе во 1968 предводени од Франко, со поранешнит републикански пилот Салвадор Артигас како менаџер. Крајот на Франковото владеење во 1974 ја забележа промената на официјалното име во Фудбалски Клуб Барселона и враќањето на амблемот во оригиналниот дизајн, вклучувајќи ги оригиналните букви.

Сезоната 1973-74 го одбележа доаѓањето на Јохан Кројф, кој беше купен за рекордни 920.000 фунти од Ајакс. Веќе докажан играч во Холандија, Кројф брзо ги освои симпатиите на навивачите на Барселона со нековата изјава во медиумите за тоа зошто ја избрал Барселона а не Реал Мадрид, изјавувајќи дека тој не би можел да игра во клуб кој е поврзан со Франко. Понатаму тој станува омилен со избирањето на Каталоското име Жорди за неговиот син, кој е локален светец. Рамо до рамо со квалитетни играчи како Жуан Мануел Асенси, Карлес Рексач и Хуго Сотил, тој му помогна на клубот да ја освои Ла Лига титулата за 1973-74 година за првпат после 1960 година, поразувајќи го Реал Мадрид со 5:0 на Бернабе во текот на сезоната. Тој беше крунисан со титулата за Европски Фудбалер на Годината во 1973 во неговата прва сезона за Барселона (негова втора Златна Топка; првата ја освои додека играше за Ајакс во 1971 година). Кројф доби престижна награда третпат по ред (првиот играч што успеал) во 1974 додека сè уште беше во Барселона.

Њунес и годините на стабилизација (1978-2000)

Почнувајќи со Жозеп Луис Њунес во 1978, претседателот на ФК Барселона избран од членовите на клубот. Оваа одлука беше тесно поврзана со Шпанската транзиција во демократија во 1974 и крајот на Франковото владеење. Главна цел на Њунес беше да ја развие Барса во светски клуб давајќи му стабилност како на теренот така и надвор од него. На препорака од Кројф, Њунес го назначи Ла Масиа на чело со младинската академија на Барселона на 20 октомври 1979 година. Неговото претседателство траеше 22 години и значително ја измени сликата на Барселона, додека Њунес строго се придржување кон политиката во поглед на платите и дисциплината, наместо да им ги исполни нивните барања, тој испушти играчи како што се Диего Марадона, Ромарио и Роналдо.