thumb|right|300px|Бродот Санта Марија, прочуената карака на Кристофер Колумбо. thumb|right|450px|Најстарата зачувана португалска поморска карта (1502), ги покажува резултатите од итсражувањата на Васко де Гама до Индија, на Кристофер Колумбо до Центална Америка, на Гаспар Корте-Реал до Њуфаундленд и на Педро Алварес Кабрал до Бразил. Големите географски откритија — збирен поим за најзначајните пловидби и истражувања коишто имаат придонесено за откривањето на Новиот Свет. Од особено значење, пред сè, е откривањето на Америка, пронаоѓањето на поморски пат за Индија и првото патување околу светот. Големите географски откритија (познати и како ера на откритијата) претставуваат период од човечката историја кој започнал во XV век и продолжил сè до XVII век. Овој период се одликува со големи проучувања на океаните со цел барање на трговски партнери, со воспоставување на европски колонии во откриените земји и најважно со доминација на европските држави на светските мориња. Најбарани стоки на европските пазари биле златото, среброто, свилата и различни зачини. Сето ова било покренато од развојот на науката во периодот на ренесансата. Тоа овозможило еврпските држави да изградат нови и поиздржливи бродови кои можеле да пловат и по мориња кои биле многу потешки за пловидба од Средоземното. Од друга страна, пак, напредокот во астрономијата и географијата овозможил полесна навигација низ морињата.

Меѓу најпознатите морепловци и истражувачи од тоа време се Кристофер Колумбо, Васко де Гама, Педро Алварес Кабрал, Џон Кабот, Фернандо Магелан и други. Новите типови на бродови кои во овој период биле изградени од страна на Португалија биле од типот карак и каравела. Тоа биле првите бродови кои можеле слободно да патуваат и низ Средоземно Море и низ Балтичко Море и низ Атлантскиот Океан.

Големите географски откритија дополнително придонеле врз развојот на науката и врз појават на нови идеи во времето на ренесансата. Тие дополнително влијаеле врз напредокот во картографијата, навигацијата и бродоградбата. Новото мислење дека Земјата има кружен облик ги натерало морепловците да започнат со својата пловидба кон исток, за еден ден да се вратат кон истата точка од запад.

Проучување на Земјата Периодот на проучувањето на Земјата претставува серија од европски експедиции во Евроазија во доцниот среден век. Во периодот додека Монголците ја застрашувале Европа со можни грабежи, тие истовремено создале голем дел од трговските патишта и комуникациски линии од Блискиот Исток до КинаJensen, De Lamar (1992), Renaissance Europe 2nd ed. pg. 328. Европските држави го искористиле тоа за проучување на тие за нив непознати патишта. Морепловците биле скоро сите Италијанци и самата трговија меѓу Европа и Блискиот Исток била целосно контролирана од италијанските трговци. Ова било мошне силно следено и од страна на останатите европски држави. Португалскиот принц Хенри започнал со експедиции со намера да ја пронајде изгубената христијанска држава чиј цар бил Презвитер Јован.

Причини за географските откритија

Постојат повеќе причини за започнување на оваа ера на истражување на земјата. Првиот од истражувачите бил Џовани да Пиан дел Карпин кој патувал за Монголија и назад, од 1241 до 1247 година. Најпознатиот патешественик е Марко Поло, кој патувал во Азија од 1271 до 1295 година. Неговото „Патешествие на Марко Поло“ било распространето и читано во цела Европа. Во 1239 година, Николо Да Конти го публикувал своето патешествие до Индија и Југоисточна Азија. Во периодот од 1466 до 1472 година, рускиот трговец Афанаси Никитин од Твер патувал до Индија, што е опишано во неговата книга.

Политички причини thumb|300px|Западна Европа - опколена од сите страни со Отоманското Царство (XVII век)

Во средниот век, Португалија бргу напредувала во нова бродоградба, од кои најпознати се карака и каравела. Една од најголемите причини бил напредокот на Османлиското Царство во Европа. Ако се земе предвид дека во 1453 година Османлиите го зазеле Цариград со што Византија, која на времето претставувала „Христијанското царство“ со континуитет на Римското Царство, престанала да постои, тоа за народите на Западна Европа било знак дека и тие може да потпаднат под отоманска власт. Од друга страна, пак, поради постојните непријателства меѓу новото исламско царство и христијанските држави, за христијанските трговци биле затворени сувоземните патишта кон Блискиот Исток. Османлиското Царство очигледно претставувала сериозна пречка за одвивањето на трговијата меѓу Европа и Азија, но и сериозна закана за опстанокот на христијанскиот свет. Уште многу порано, арапските освојувања го претвориле Средоземното Море кое претставувало море кое поврзува во море кое раздвојува различни култури. Со оглед на претходно кажаното и со оглед на тоа што Западна Европа се наоѓала на крајниот запад на тогаш познатиот свет, големите географски откритија не биле само авантури туку и политичка потреба да се изнајде алтернативен пат за снабдување со лековити билки, зачини, суровини, злато, сребро, но и потреба за народите од Западна Европа да ги прошират сопствените видици и евентуално да најдат алтернативни места каде би можеле, непречени од заканите на исламот, да ги практикуваат сопствените верувања и традиции.

Економски причини

Во време на хуманизмот и ренесансата дошло до развој на сите уметности, унапредување на животот на луѓето, но исто така многу било унапредено и занаетчиството и трговијата. Меѓутоа сето тоа не можело да се одвива без потребните суровини и мирудии (особено без златото и среброто).

Црковни причини

Со појавата на идејата за изнаоѓање поморски пат до Азија, и црквата сакала да има корист од тоа. Впрочем со освојувањето на новите територии црквата сакала да го прошири своето влијание на тие територии, ширејќи го христијанството (католицизмот) за сметка на културата, религијата и цивилизацијата на индогените народи.

Предуслови за откритијата

thumb|Скица на компас од 1570 година thumb|200px|Каравела Периодот на XV век е полн со нови техничко-технолошки откритија. Во тоа време од областа на географијата најзначајно е пронаоѓањето на компасот, изградбата на подобри, поцврсти, побрзи и поиздржливи бродови наречени каравели, изработката на подобри географски карти и производството на помоќно огнено оружје.

Првите патувања

Во поглед на морепловството и истражувањето најсмели биле Шпанците и Португалците. Тие се стремеле да постигнат што е можно повеќе и да стигнат што е можно подалеку во откривањето на морскиот пат за Индија.

Сепак први коишто успеале да испратат своја експедиција по Атлантскиот Океан биле Португалците. Првата поголема експедиција била започната од страна на Португалија од принцот Хенри. Пред тоа, европските морски патување најмногу се одвивале блиску до крајбрежјата. Патувањата главно се одвивале со помош на портуланска карта. Во текот на овие патувања се создадени и многу морски митови, во кои морепловците се среќавале со различни морски чудовишта. Но принцот Хенри ги оспорува овие тврдења. Меѓу првите откритија било откривањето на Мадеирските Острови во 1419 година, кои се наоѓаат во Атлантскиот Океан, потоа во 1427 година биле откриени Азорите. Овие острови биле веднаш колонизирани со португалско население.

Основниот проект за проучување на западниот брег на Африка од страна на Хенри бил разработка на карти. Низ вековите, единствените трговски патишта за поврзување на Европа со Западна Африка биле преку бреговите на Западна Сахара. Овие канали најмногу се користеле за пронаоѓање на злато и стекнување на нови робови, кои им служеле на муслиманските земји околу Северна Африка. Португалската монархија сметала дека исламските народи можат да бидат заобиколени преку Западна Африка. Тие сметале и дека на југ од Сахара постојат христијански држави кои се потенцијални сојузници против муслиманите.

Во текот на првите две десетолетија од португалските истражувања, бариерата наречена Сахара била совладана, па започнале трговија со робови и злато во Сенегал. Во 1481 година португалските морепловци и истражувачи Бартоломео Дијас и Жого де Азамбуха успеале да го откријат Златниот Брег (Гана). Во 1485 година еден од најпрепознатливите и најголеми потугалски истражувачи Жого Сао го открил вливот и дел од течението на реката КонгоJensen, De Lamar (1992), Renaissance Europe 2nd ed. pg. 335, а тој се смета дека е и првиот Европеец којшто го поминал екваторот. Веќе наредната 1486 година на 10 октомври на пловидба тргнал Бартоломео Дијас којшто овој пат по две годишна пловидба на 12 март 1488 година го открил ’ртот Добра Надеж. Поради големите бранови и бури што беснееле при неговото пристигнување го нарекол ’рт на бурите. Диас не можел да продолжи понатаму, па се вратил во Португалија. Островите станале место за производство на големо количество на шеќерJensen, De Lamar (1992), Renaissance Europe 2nd ed. pg. 334. Во 1498 година, Васко де Гама пристигнал во Индија.

Овие почетни откритија на Португалците се основа на наредните коишто го имаат сменето животот во светот.

Откривање на Новиот Свет Португалскиот соперник Кастиља (денешна Шпанија) многу побавно се развивала во однос на Португалија, која сè повеќе навлегувала во внатрешноста на Атлантскиот Океан. Но со обединувањето на Кастиља и Арагон и завршувањето на Реконквиста, станало јасно дека Шпанија својата политика целосно ја насочила кон пронаоѓање на нови трговски патишта. Во 1492 година била заземена Гранада, која претходно се наоѓала под управа на Маврите. Властите во Шпанија го ангажирале џеновјанецот Кристофер Колумбо за започнување на нови поморски патувања за изнаоѓање на патот до Индија. Овој пат пловејќи кон запад. Со тоа се очекувало да се избегне заобиколувањето на Африка.Jensen, De Lamar (1992), Renaissance Europe 2nd ed. pg. 341

Колумбо не пристигнал во Азија, туку пристигнал на еден нов непознат свет за Европа, Америка. Во 1500 година португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил. Се јавила потреба од поделба на новооткриените територии меѓу двете монархии, Шпанија и Португалија, за да се избегне воен конфликт.Jensen, De Lamar (1992), Renaissance Europe 2nd ed. pg. 345 Тоа било решено со интервенција од страна на папата во 1494 година, со Договор од Тордесиљас, со кој сферите на влијание биле разделени меѓу двете земји. Португалија добила сè што се наоѓало источно надвор од Европа, западно од Зеленортските Острови. Ова ѝ овозможило на Португалија да воспостави голема контрола врз Африка, Азија и источниот дел од Јужна Америка. Шпанија го добила останатиот дел, односно островите на Тихиот Океан и западниот дел на Америка.

Кристофер Колумбо заедно со други шпански морепловци, во почетокот биле разочарани од своите откритија. За разлика од Африка и Азија, Карибите нуделе помалку услови за трговија. Новите острови биле цел на колонизација од страна на Шпанија и Португалија. Шпанија пристигнувајќи во Латинска Америка се соочила со големи империи кои веќе опстојувале. Но сепак, Шпанија успеала да ги порази староседелците на Америка. Една од најпознатите империи од тоа време била империјата на Ацтеките (на територијата на денешно Мексико), а била поразена во 1521 година, и империјата на Инките во денешен Перу, која била поразена во 1532 година.

Во 1519 година, шпанските власти ја финансирале експедицијата на португалскиот морепловец Фернандо Магелан. Целта на патувањето била пронаоѓање на Молучките Острови, и нивно ставање во шпанската сфера на политички и економски интерес.Jensen, De Lamar (1992), Renaissance Europe 2nd ed. pg. 349