Димитрие Дурацовски (15 февруари 1952, Струга) — македонски писател.
Животопис Дурацовски е роден на година во .. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје. Работи како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Член е на ДПМ од 1989 година.
Творештво Дурацовски е автор на книгите: Тајна историја (раскази, 1986), Црни пророци (раскази, 1996), Insomnia (роман, 2000), Бледи сенки, далечни гласови (роман, 2014).Роберт Алаѓозовски, „Постмодерна носталгија“, Економија и бизнис, број 198, 25 декември 2014, стр. 83.
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 105-109.
Дурацовски е припадник на т.н. петта генерација или Петти круг на автори, кои на македонската книжевна сцена се јавиле во 1980-тите години. Целиот опус на Дурацовски е во знакот на постмодернизмот. Со романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој направил голем пресврт во стилот. Во двете збирки раскази, тој пишуваал во стилот на фантастиката и ониричноста, со користење цитати, парафрази и позајмувања од други книжевни дела. Во „Инсомнија“, тој ја напуштил строгата, контролирана функционалност, вметнувајќи долги автобиографски пасажи и есеизирања. Во романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој ја напуштил функционалната димензија и навлегува во т.е. постмодерна носталгија.Роберт Алаѓозовски, „Постмодерна носталгија“, Економија и бизнис, број 198, 25 декември 2014, стр. 83-84.
За романот „Insomnia“, Дурацовски ја добил наградата „Рациново признание“.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 85.
Награди Во 2019 година, Дурацовски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.„11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ПЕПИ МИРЧЕВСКИ, ДИМИТРИ ДУРАЦОСКИ И ЉУПЧО КОЦАРЕВ на семрежното место на САКАМ ДА КАЖАМ„Награда за животно дело за глумецот Мирчевски“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 17.
Значење и влијание „Спирала“ — расказ на македонскиот писател Ненад Јолдески.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 311-312. „Книжевноста предолго ја нема!“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 393-395.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“