мини|десно|220п|Ристо Бомбата и Кучешка тенија Кристијан Габровски (некогаш познат како Ристо Бомба́та; р. во Прилеп) — македонски музичар, пејач, текстописец и композитор. Во почетокот на деведесеттите, заедно со Борче Шабановски и Валентино Лаучоски, настапуваат под името „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“ и достигнуваат огромна популарност со својата игра на зборови на сексуална тематика. Нивните касети биле продадени во повеќе од 50.000 примероци и своевремено биле една од најпопуларните групи.

Денес, Кристијан е присутен на македонската музичка сцена пишувајќи и компонирајќи песни на многу музичари, највпечатливо на Маја Вукичевиќ. Исто така, има и соло кариера. Настапувал на „Макфест“ и на локалниот избор за песна на Евровизија. Оженет е и има две деца.

Категорија:Македонски музичари Категорија:Луѓе од Прилеп