мини|Владо Јаневски на Евровизија 1998, Бирмингем мини|150п|Владо Јаневски на насловна за албум Владо Јаневски (, Скопје — , Скопје)Биографија - Владо Јаневски — македонски поп-пејач и композитор. Имал издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Животопис Стекнал више образование во Филолошкиот факултет, отсек англиски јазик и литература. Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Република Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.

Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.

Зборувал англиски, германски, италијански и руски јазик.

Дискографија 1993: Парче душа (Моби Арт) 1996: Сѐ најдобро (Мистер Компани) 1996: Далеку е небото (Мистер Компани) 2002: Има нешто посилно од сѐ (Авалон) 2004: Ваков или таков (Авалон) 2006: Повторно се заљубувам во тебе (Аворд Ентертејнмент)

Надворешни врски

Официјална страница Дискографија на Владо Јаневски евидентирана од ВБУ Музички Регистар.

Наводи

Категорија:Пејачи од Скопје Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Учесници на Евровизија