Тенцин Ѓацо (; р, 6 јули 1935) — XIV и тековен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб, а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е верски поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во прогонство (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот.

Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер во Ќингхај, Кина , каде што го научил дијалектот Амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на престолот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по извршената инвазија на кинеската војска врз Тибет.

Тој бил под воен притисок при ратификација на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951, а тогаш тој го напуштил Тибет и отишол во Индија каде што ја формирал тибетската влада во прогонство во 1959 година.Неговата светост, XIV далај-лама. A Brief Biography. Додадено на: 8 мај 2008 Таму тој е придружен од илјадници соработници и тој се грижи за заштита на тибетската култура и тибетското образование.

Тенцин Ѓацо е опишан како харизматична фигура и познат говорник. Тој е првиот далај-лама којшто патува низ светот. Таму тој помага во ширењето на будизмот, а исто така помага и во создавањето на секуларна етика, верска слога и сеопшта одговорност. Покрај Нобеловата награда, тој е почесен граѓанин на Канада од 2006, а на 17 октомври 2007 е добитник на конгресниот златен медал во САД.

Младост и потекло thumb|лево|Родното место на Тенцин Ѓацо во Такцер Тенцин Ѓацо е роден во земјоделско семејство како Ламо Дондруб или Ламо Тондруп во Такцер, мало село во провинцијата Кингаи. Неговите родители Чукјонг и Дики Церинг биле релативно богати земјоделци во однос на останатите дваесетина семејства. Главно одгледувале јачмен, хелда и компир.

Неговите родители имале 16 деца, а тој бил петтото најстаро од оние коишто опстанале по детството. Најстарото дете била неговата сестра Церинг Долма, којашто била 18 години постара од него. Неговиот најстар брат Туптен Јигме Норбу (роден во 1922) — препознат како реинкарнација на високиот лама, Такцер Ринпоче. Неговата сестра Јецун Пема во 1997 година отишла да ѝ го покаже филмот Седум години во Тибет на својата мајка. Другите негови постари браќа се Ѓало Тондуп и Лобзанг Самден. thumb|left|140px|Тенцин Ѓацо како младо момче

Кога имал 2 години биле испратени истражувачи за да ја препознаат реинкарнацијата на Далај-лама. Најпрвин се одлучило да се бара на југоисток,но регентот Ретинг Ринпоче сметал дека е најдобро тоа да се изврши во близина на езерото Ламо Ла-цо, потенцирајќи го Амдо како најдобро место за тоа. Тие го нашле Тондруб со играчки и остатоци коишто му припаѓале на претходниот Далај-лама, а Тондруб можел да препознае кои се од претходниот Далај-лама извикувајќи „Тоа е мое! Тоа е мое!“

Откако бил препознаен како реинкарнација на далај-ламата тој го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо („Свет господар, славен љубезник, милосрден заштитник на верата, мудрост на океанот“). Во некои западни литератури се наоѓа и „Неговата светост Далај-лама“.

Своето монашко образование Тенцин Ѓацо го започнал на 6 години. Тој имал два главни учители.Главен сниорски учител му бил Јонгѕин Линг Ринпоче, а главен јуниорски учител Јонгѕин Тријанг Ринпоче. На 11 години тој се сретнал со австрискиот планинар Хајнрих Харер, откако веќе го шпионирал со својот телескоп. Хајнрих Харер станал еден од најдобрите негови учители од странство. Овие двајца останале пријатели сѐ до смртта на Харер во 2006. Во 1959 година тој го имал својот последен испит во храмот Јоканг во Ласа за време на одржувањето на фестивалот Монлам. Тој бил награден со степенот Ларампа, којшто е највисок геше во будистичката филозофија.

Животот како далај-лама мини|десно|180п|Штабот на далај-ламата во просториите на Потала Покрај тоа што е диховен водач, Далај-лама е и политички водач во Тибет. Во 1939 година, тој бил однесен во Ласа каде што и официјално бил прогласен за Далај-лама, а своето детство го поминал во Потала и Норбулинка.

На 17 ноември 1950,н а 15-годишна возраст Тенцин Ѓацо бил поставен на престолот како четиринаесетти Далај-лама и покрај конфликтот на Тибет со Кина. Неговото владеење, сепак било кратко. Во октомври истата година, само еден месец пред неговото поставување кинеските војски лесно навлегле во Тибет, без посериозен отпор од тибетските вооружени сили.

Далај-ламата испратил делегација во Пекинг иако под влијание на армијата, тој бил приморан да ги ратификуваТенцин Ѓацо, XIV Далај-лама, интервју, 25 јули 1981.Мелвин Голдштајн, Историја на модерен Тибет, 1913-1951, Новинарски универзитет во Калифорнија, 1989, стр.812-813 Седумнаесетте точки за слободата на Тибет. Во септември 1954 година тој заедно со десеттиот Панчен Лама отишле во Пекинг каде што се сретнале со Мао Це ТунгНгапои го отповикува создавањето на автономниот регион Тибет , Нгапои Нгаванг, Кинески поглед, 30 август 2005.. Во 1959 година имало голема побуна помеѓу Тибеќаните. Се зборувало дека кинеските власти планираат да го убијат Далај-лама којшто на 17 март отишол во Таванг, Индија, а веќе на 31 март длабоко навлегол во Индија.

Животот во прогонство во Индија Во Индија, далај-ламата се сретнал со индискиот премиер Џавархарлал Нехру со цел да добие поддршка од Индија во отпорот против Кина. Меѓутоа Нехру не сакал да ги влоши односите со Кина, па го охрабрил Тенцин Ѓацо да работи на седумнаесетте точки за слободата на Тибет. По неговото бегство во Индија, Далај-лама формирал и влада во прогонство во градот Дарамсала во Индија. Овој град често се нарекува и „Мала Ласа“.

По формирањето на владата во прогонство него го следеле околу 80.000 бегалци. Тој формирал тибетски образовен систем со цел тибетските деца да се стекнат со познавања од јазикот, историјата, религијата и културата. Тој го формирал и Тибетскиот институт за применети уметности во 1959 година, а истата година бил формиран Централниот институт за високо тибетско образование којшто е првиот тибетски универзитет во странство. Тој исто така им дал поддршка на 200 манастири, а го ширел будистичкото учење надвор од Тибет и се залагал будизмот да биде основа на секојдневниот живот на Тибеќаните.

Далај-лама апелирал и до ОН со прашањето за Тибет. Како резултат на овој апел Генералното собрание на ООН донело 3 резолуции во 1959, 1961 и 1965 година. Со овие резолуции се бара од Кина да ги почитуваат човековите права на Тибеќаните и нивната национална самоопределба. Во 1963 година, Tенцин Ѓацо донел устав изграден врз основа на Универзалната декларација за човекови права. Тибетскиот парламент во прогонство го избираат тибетските бегалци низ целиот свет,а тибетската влада во прогонство ја избира тибетскиот парламент во прогонство.

Во 1987 година во Вашингтон, Далај-лама го претставил својот план со 5 точки со којшто се заштитува идниот статус на Тибет. Со планот се планира Тибет да стане „зона на мирот“ и да се спречи доселувањето на кинеската етничка заедница Хан во Тибет. Овој план претставува „почит за основните човекови права и демократската слобода“ и „крај на кинеската корист од Тибет во производството на јадрено оружје, негово пробно фрлање и негова диспозиција“. Конечно,за овој план се дадени „непосредни негирања“ за иднината на Тибет.

Четиринаесеттиот Далај-лама, Тенцин Ѓацо претставил сличен план и во Стразбур на 15 јуни 1988. Тој го искористил својот план од минатата година и додал дека работи на создавање на самоуправен демократски Тибет „во заедница со Кина“ .Овој негов нов план бил одбиен од владата во прогонство во 1991 година.Во октомври 1991 година,тој не ни обрнал внимание на состојбите со кинеската локална влада. Кај него останала желбата да се врати во Тибет, но како што ќе каже тој „кинеските власти тоа не го претпостават што е одмана одбиено“.Интервју со Гардијан, 5 септември 2003

На 6 јули 2005, Тенцин Ѓацо го прослави својот 70-ти роденден на којшто присуствуваа околу 10.000 тибетски бегалци, монаси и туристи. Патријархот на руската православна црква Алексеј II рекол: „Признавам дека руската православна црква многу ги цени добрите односи со следбениците на будизмот и се надевам на нивен длабок развој“.

Учителските активности Далај-лама практично е ѕонгчен којшто има извршено голем број на верски предавања во јавноста. Тој има учителствувано и во Калачакра.

Во февруари 2007, Далај Чама е именуван во почесен професор на универзитетот Ејмори во Атланта, САД. Ваквата негова активност е резиултат на ејморско-тибетското партнерство од 1998 година. Како истакнат професор,тој: ќе овозможи можности за создавање на универзитретски сојузи со членови коишто ќе ги пренесуваат неговите учења. ќе го посети универзитетот Ејмори со цел учество во програмата и ќе продолжи ејморско-тибетското партнерство, а тој ќе одржува предавања и низ многу други универзитети во светот, а и во Дарамсала. Тенцин Ѓацо има посетено уште голем број на универзитети во светот во текот на 80-тите година на XX век на коишто има предавано,а благодарение на овие негови активности во 1989 година тој ја доби Нобеловата награда за мир.

Меѓународни односи thumb|Далај-лама на средба со архиепископотДезмонд Туту во 2004.

Од 1967 година,Далај-лама има посетено 46 земји. Неговите посети главно се на верска основа. Во 1973 година тој се сретнал со папата Павле VI во Ватикан, а во 1980 тој се сретнал за првпат и со папата Јован Павле II со којшто се има сретнато и во 1982, 1986, 1988, 1990 и 2003.

Во 1990 во Дарамсала тој се сретнал со неколку еврејски учители со коишто разговарал за меѓуверските односи.Роџер Каменец (1994)Евреинот во лотос Харпер Колинс: 1994. Далај-лама го посетил и Израел 3 пати, а во 2006 имал средба со главниот рабин во Израел. Во истата 2006, тој имал средба и со папата Бенедикт XVI. Тој се има сретнато и со претставници на православната црква, протестантската, англиканската, како и со претставници на исламската религија и многу други верски личности.

За време на носењето на олимпискиот факел, во чест на ЛОИ во Пекинг 2008, Далај-лама на 10 април 2008 ја посетил Јапонија на неговиот пат за САД и организирал протести насочени кон Кина, иако Далај-лама изјавил дека не го поддржува бојкотот.Ројтерс Далај-лама не го поддржува Олимпискиот бојкот Протестите биле особено масовни во Франција и САД. За време на носењето на факелот по улиците на Париз поради масовните протести тој бил изгаснат. Јапонската влада не се заинтересирала многу за разликите на Далај-лама со кинеските власти.

Филантропските напори на 14-от Далај-лама

Четиринаесеттиот Далај-лама, Тенцин Ѓацо е и голем поддржувач на СОС детските села. Тој често ги посетува селата, а имал и добри односи со идеологот на ваквиот проект Херман Гмајнер, а денес е голем пријател на Гмајнеровиот наследник Хелмут Кутин.

Политичката активност на Далај-лама

Далај-лама не е само верски водач, туку и политички. По ратификацијата на Седумнаесетте точки за слободата на Тибет во 1951 година, неговите браќа во Калимпонг, Индија помогнати од индиската влада организирале движење за независност коешто се проширило во провинциите Амдо и Кам во 1956 година, а потоа и во централен Тибет, меѓутоа подоцна не било во можност да и се спротивстави на кинеската војска, па силите на движењето се повлекле кон Непал. Во ова движење својата поддршка ја дал и Тенцин Ѓацо. Желбата за демократска автономија на Тибет оттогаш трае и до денес.

Во 2005 и во 2008, Далај-лама се смета дека е меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот.

На 22 јуни 2006, тој престојувал во Канада каде што парламентот на Канада го прогласил за почесен граѓанин на Канада. Ова во Канада било усвоено по третпат. Пред Далај-лама за почесни граѓани на Канада се прогласени само Раул Валенберг во 1985 и Нелсон Мандела во 2001.