Ж или во мала форма ж (стара кирилица: , глаголица: Ⰶⰶ) — буква од кириличните азбуки, а осма по ред во македонската азбука. Фонетска вредност на буквата во словенските јазици е /ʒ/. Буквата се користи и кај несловенските јазици,каде има фонетска вредност /ʒ/, /ʐ/, или /dʒ/, во зависност од јазикот. Старото име на буквата е живете () и немала бројчена вредност. Потеклото на буквата не е познато за сигурно, нема слична буква со неа во ниту една друга азбука освен во глаголицата.
Употреба Ж се користи во сите словенски јазици кои се пишуваат на кирилица, но и кај повеќето од несловенските јазици кои се пишуваат на кирилица.
јазик редослед во азбуката глас (македонски и МФА) транслитерација белоруски 8 мека ж или ж () ž бугарски 7 ж () zh македонски 8 ж () zh руски 8 мека ж или ж () zh српски 8 ж () ž украински 9 ж () zh узбечки (1940–1994)8 џ () или ж () (во руски зборови) j монголски 8 ч () j киргиски 8 џ () j дунгански 8 мека ж или ж () r други несловенски јазици ж ()
Кодна позиција Кодирање на карактер Големина Децимала Хексадецимала Октал Бинарен бројчен системUnicodeголема104604160020260000010000010110 мала 107804360020660000010000110110ISO 8859-5голема182b62660010110110мала214d63260011010110KOI 8голема246f63660011110110мала214d63260011010110Windows 1251голема198c63060011000110мала230e63460011100110
Поврзано Кирилица Старословенска азбука Глаголица
Надворешни врски „Буквата Ж“, Бушава азбука. Зборови на буквата „ж“, Дигитален речник на македонскиот јазик.
Категорија:Македонска азбука