Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржани на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.
Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дошла веднаш по самитот на НАТО кој се одржал во Букурешт 2008 година. Иницијативата за вонредни избори била поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, додека опозициските СДСМ и ЛДП гласале против.
На изборите победи коалицијата За подобра Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ. Во Собранието влегоа 17 политички партии, од кои 10 со само еден пратеник.
На 26 јули 2008 година е изгласана новата влада, составена од министри од ВМРО ДПМНЕ, од коалициските партнери во коалицијата За подобра Македонија и од ДУИ, како партија со најголема поддршка кај албанскиот електорат.
Правни прописи Гласачките места биле отворени од 07:00 до 19:00 часот. Биле избирани 120 пратеници по пропорционален метод. Резултатите биле пресметувани по Донтова формула. Од 6 изборни единици биле избирани по 20 пратеници. Биле запишани 1.779.116 избирачи во избирачкиот список, или 37.667 повеќе во однос на 2006 година. Имало 1.540 кандидати за пратеници.
Учесници на изборите Поднесени биле 18 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувале 41 партија. Од нив, 14 настапиле самостојно, а 27 во коалициите За подобра Македонија и СОНЦЕ. Коалиција за Европа.
Коалиција За подобра Македонија (ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Демократска обнова на Македонија, Демократска партија на Турците на Македонија, Демократска партија на Србите во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, ВМРО - Македонска, Обединета Партија за Еманципација, Партија на Правдата, Странка на Демократска Акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Партија за Интеграција на Ромите, Народно Движење за Македонија, Бошњачка Демократска Партија, Партија на Зелените, Демократска Унија на Ромите, Работничко Земјоделска Партија на Р Македонија, Партија за Целосна Еманципација на Ромите). СОНЦЕ. Коалиција за Европа (Социјалдемократски сојуз на Македонија, Нова социјалдемократска партија, Либерално демократска партија, Либерална партија на Македонија, Нова Алтернатива, Зелена Партија на Македонија, Партија на пензионерите на Р Македонија, Демократски Сојуз на Власите од Македонија) Демократска унија за интеграција Демократска партија на Албанците Партија за европска иднина Партија за демократски просперитет Демократска унија на Албанците Социјалдемократска партија на Македонија Партија на слободни демократи Радикална странка на Србите во Македонија ТМОРО-ВЕП Движење за национално единство на Турците Сојуз на Титови леви сили ВМРО – Демократска партија ТМРО Национална демократска унија Група избирачи Панчо Минов Група избирачи Пецо Грујовски
Текот на кампањите на политичките партии Според анкетите спроведени од 11 април до 15 април од вкупно 1.108 граѓани на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ имала рејтинг од 29%, наспроти СДСМ со 11%, ДУИ со 10% и ДПА со 7%.
Изборни резултати Политички партии и коалицииГласови%+/-Мандати%+/-За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.)481.50148,78 +14,4363 52,5 17СОНЦЕ. Коалиција за Европа (СДСМ и др.)233.28423,64 -5,712722,5 12Демократска унија за интеграција126.52212,82 +0,701815,0 1Демократска партија на Албанците81.5578,26 +0,76119,2 Партија за европска иднина14.4741,47 +0,2710,8 Партија за демократски просперитет7.2130,73 ДУИ00 3Демократска унија на Албанците6.4840,66 +0,22Социјалдемократска партија на Македонија6.4060,65 -0,19Партија на слободни демократи4.3620,44 +0,44Радикална странка на Србите во Македонија4.3260,44 +0,29ТМОРО-ВЕП4.3170,44 +0,36Движење за национално единство на Турците3.7820,38 +0,31Сојуз на Титови леви сили3.7580,38 +0,05Група избирачи Панчо Минов2.7440,28 -0,36ВМРО – Демократска партија2.3350,24 +0,11ТМРО1.8560,19 +0,02Национална демократска унија1.6510,17 -0,29Група избирачи Пецо Грујовски4490,05 +0,05Вкупен одзив 57,06%1.015.164100.0 -11,46120100.0 Извор: Државна изборна комисија Собрание на Република Македонија
Освоени мандати по политички партии Распределбата на мандатите по партии е следната:
Партија/коалицијаМандати +/-Коалиција За подобра МакедонијаВМРО ДПМНЕ53 15Социјалистичка партија на Македонија3 Демократски сојуз1 Демократска обнова на Македонија1 Демократска партија на Турците на Македонија1 1Демократска партија на Србите во Македонија1 Обединета Партија на Ромите на Македонија1 ВМРО - Македонска1 1Странка на Демократска Акција на Македонија1 1СОНЦЕ. Коалиција за ЕвропаСоцијалдемократски сојуз на Македонија18 5Либерално демократска партија4 1Нова социјалдемократска партија3 4Либерална Партија на Македонија1 1Нова Алтернатива1 1Демократска унија за интеграција18 1Демократска партија на Албанците11 Партија за европска иднина1 Вкупно120
Освоени мандати по изборни единици Резултати по изборни единици Изборна единица ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ ДПА ПЕИ Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % ИЕ 185,80549.86% 41,679 24.22% 23,229 13.50% 11,413 6.63% 1,937 1.13% ИЕ 2 76,627 48.44% 27,693 17.51% 28,885 18.26% 13,878 8.77% 661 0.42% ИЕ 3 112,155 65.35% 51,418 29.96% 2,710 1.58%5540.32% ИЕ 4 106,660 59.95% 61,981 34.84% 2,355 1.32% ИЕ 5 77,366 49.74% 39,109 25.14% 15,361 9.88% 9,888 6.36% 7,669 4.93% ИЕ 6 22,888 15.09% 11,404 7.52% 56,337 37.15% 45,824 30.22% 1,852 1.22%Вкупно481,50138.98233,28423.64126,52212.8281,5578.2614,4741.47 Извор: ДИК
Освоените мандати по изборни единици се следните:Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2008-2011, 11 стр.
Изборна единицаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИДПАПЕИ ВкупноИЕ 111531020ИЕ 211342020ИЕ 314600020ИЕ 413700020ИЕ 511521120ИЕ 63197020Вкупно632718111120Извор: ДИКhttps://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/Konecni.pdf
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на Државната изборна комисија за парламентарните избори 2008 година Пратеници избрани на изборите 2008 година
2008 Категорија:Македонија во 2008 година