Пруски јазик — изумрен балтички јазик, некогаш зборуван од населението на Прусија, што подоцна станала Источна Прусија а денес е североисточна Полска и Калининградската Област во Русија. Јазикот се нарекувал “Prūsiskan” (пруски) или “Prūsiskai Bilā” (прускиот јазик). Неколку верзии на јазикот постојат во Полска и Литванија за кои се сметаат дека се дел од стариот пруски јазик.

Такит во својата книга Germania, спомнува народ Æsti за кој се тврди дека всушност се старите Пруси. Тој ги опишува како дел од германските племиња, но со многу келтски одлики.

Стариот пруски јазик е сличен со другите исчезнати балтички јазици, со курскиот јазик и судовинскиот јазик. Исто така многу е сличен и со постоечките источнобалтички јазик, литвански јазик и латвиски јазик. Големи сличности има и со словенските јазици. Како пример на тоа за земја на пруски е zemē''' а на словенските јазици скоро секаде е слично - земја или земля''.

Примери од јазикот

Превод фразаПруски јазик PrūsiskanЗдраво KaīlsДобро утро Kaīls AnksteīnaiДовидување ĒrdiwБлагодарам DīnkaКолку? Kelli?Да JāНе NiКаде е тоалетот? Kwēi ast Spektāstuba?(Наздравица) Kaīls pas kaīls aīns per āntranДали зборувате англиски? Bilāi tū Ēngliskan?

Пруски јазик Категорија:Мртви балтчки јазици Категорија:Мртви јазици во Европа Категорија:Средновековни јазици Категорија:Јазици изумрени во 18 век

eo:Praprusoj#Kristanigo kaj la praprusa lingvo