Ерменскиот јазик спаѓа во групата на индоевропските јазици. Овој јазик претежно се згорува во Кавказ (односно република Ерменија). Ерменскиот јазик претставува еден вид самостоен јазик кој нема свои блискости на друѓи јазици. Многу јазичари сметаат дека овој јазик е составен од трите мртви јазици: фригискиот, тракискиот и дакискиот јазик. Од денешните јазици, кои сѐ уште се во употреба, грчкиот јазик е најблизок со ерменскиот.

Ерменскиот јазик се зборува од страна на околу 3 000 000 луѓе. Ерменскиот јазик низ историјата се развива во два периоди: писмен и усмен. Писмениот од своја страна се разделува на: Древноерменски или класичен период, од 5 век до 11 век. Овој јазик и ден денес е во употреба но како службен јазик на црквата. Средноерменски период, од 12 до 16 век. Новоерменски (современ ерменски) период, од 17 век до денес.

Ерменската азбука била создадена од страна на Месроп Маштоц во текот на 406 година.

Историја Ерменскиот јазик претставува засебна гранка на индоевропските јазици. Тоа е од интерес за лингвистите поради неговите карактеристични фонолошки промени. Ерменскиот јазик покажува повеќе сатемизација, отколку кентумизација, иако не е класифициран во ниту една од овие подгрупи. Некои лингвисти привремено заклучуваат дека ерменскиот, грчкиот (и фригискиот), албанскиот и индо-иранските јазици дијалектички биле блиски еден на друг; во рамките на оваа хипотетичка дијалектна група, праерменскиот бил сместен помеѓу прагрчкиот (кентумска подгрупа) и праиндоиранскиот јазик (сатемска подгрупа). Роналд И. Ким забележал уникатни морфолошки карактеристики кои го поврзуваат ерменскиот со балто-словенските јазици.

Наводи

* Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици во Турција Категорија:Јазици во Ерменија Категорија:Јазици во Грузија Категорија:Јазици во Азербејџан Категорија:Јазици во Кипар Категорија:Јазици во Казахстан